Петгодишен херој : Го спасил семејството од пожар, , двегодишната сестричка ја изнел низ прозорец (ВИДЕО)

5-годишно момче од Џорџија, САД, се разбудило во спалната соба што горела, но не испаничил и со неговите постапки се спасило целото семејство.

Ноа Вудс е прогласен за почесен пожарникар и денес ќе добие ретко признание за неговиот херојство. Ноа е еден од осумте членови на семејството што спиело во нивниот дом во округот Бартоу во неделата, кога се разбудил во чад и пламен во спалната соба што ја делел со својата двегодишна сестра.

Скокнал од кревет, ја грабнал својата сестра и ја изнел преку прозорецот  , јавува Си-Ен-Ен. Но, не застанал тука - се вратил во куќата за да го однесе семејството и кучето на безбедно. Потоа се упатил кон куќата на неговиот чичко (кој бил нивен сосед) за помош, и заедно го алармирале остатокот од семејството.

Неговиот чин е наречен вонреден од пожарникарите. Тие велат дека пожарот бил предизвикан од преоптоварен штекер во собата на момчето. Кога пристигнале пожарникарите, Ное и четворица членови на семејството добиле помош поради помали изгореници и вдишување на чад.

„По благодат Божја, сите девет наши најблиски успеаја да излезат од куќата“, напиша дедото на момчето, Дејвид Вудс, на платформата GoFundMe. „Да не беше тој, немаше да бидеме денес тука“.

Поради уништениот дом, семејството побарало помош од заедницата додека не застане на нозе, а за нивниот дом досега се собрани повеќе од 16.000  долари.

притисни ентер