Пијана жена прелета со БМВ преку кружен ток (ВИДЕО)

Надзорната камера ја снимила оваа необична несреќа во која жената, возач на БМВ под дејство на алкохол прелета преку кружниот ток.

Жената вози во права линија, поминувајќи преку средината на островот каде што е поставена големата карпа. Бидејќи 27-годишната Марисела Овал не внимавала , автомобилот со голема брзина ја погоди преградата и едноставно прелета. Се проценува дека таа се движела со околу 110 км на час.

Според CBS, несреќата се случила во 2 часот по полноќ во четвртокот во Лонг Бич, а за среќа немало други учесници во сообраќајот . БМВ било уништено, а неколку паркирани автомобили се оштетени во инцидентот. BMW откина парче од карпата која што заврши во задниот дел на Chevrolet Camarо. Судејќи според снимките, некогаш скапиот BMW M4 ќе заврши во ѓубре. Жената помина со мали повреди.

притисни ентер