Боки 13 се пожали дека го нападнале затворски службеници, од затворот го истражуваат случајот

Боки 13 се пожали дека денеска бил нападнат од затворски службеници пред доаѓањето на рочиштето за случајот Рекет.

“Доцнам зошто бев физички нападнат од затворски слубежници” – рече обвинетиот во “Рекет” Бојан Јовановски при влезот во судницата обраќајќи се на новинарите.

Од кого и како бил нападнат јавноста немаше можност да слушне, заради тоа што рочиштето кое почна со 20 минути задоцнување се затвори за јавноста поради емитување на аудио снимка на Зоран Милевски која е оценета како материјал со приватна содржина.

Канал 5 го контактираше директорот на затворот во Шутка, Есад Рахич. Тој тврди дека напад немало, а целата ситуација се случила затоа што Јовановски утринава бил нервозен и не дозволувал да му стават лисици на рацете кога службениците постапувајќи по правилата требало да го спроведат во Судот. Рахиќ кажа дека ќе го истражи случајот, но дека во изминативе седум месеци никогаш немало отстапување од процедурата.

Јовановски и Катица Јанева, кои се обвинети во овој предмет во Кривичниот суд го слушаа материјалот кој го снимал сега осудениот Милевски. Ова е трета снимка од него, а која ја изведува обвинителката Вилма Русковска. Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски по рочиштето кажа дека оваа снимка нема доказна вредност.

Јанева и Јовановски вчера побараа оваа снимка да биде емитувана јавно.

И двајцата беа согласни дека овие разговори ќе ја откријат релацијата што Боки 13 ја имал со Милевски, како и тоа дека бил изманипулиран. Во овој контекст Јанева посочи дека доколку јавноста ја слушне снимката ќе добие поинаква слика за целата постапка за „Рекет" и дека ќе биде даден одговор на тоа кој манипулира, кој нуди поткуп, кој нуди рекет.

Но, Пандорината кутија како што Јовановски ги нарече овие разговори ќе останат тајна за јавноста.

На следното рочиште кое е закажано за понеделник треба да се изведуваат материјали од посебни истражни мерки, со што завршуваат доказите од обвинителството .

Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари)

После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари.

Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности.

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари.

Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика

Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче

Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.

Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер