Три деца на Клиниката за детски болести во сериозна здравствена состојба

Грипот продолжува да коси во земјава, по смртта на 14 годишната девојка вчера, денеска од клиниката за инфективни болести велат дека двајца пациенти со компликации од грип се на механичка вентилација и во животно загрозувачка состојба. 

Од таму додаваат и дека кај нив во моментов има вкупно 38 хоспитализирани пациенти со компликации од грип, додека на универзитетската клиника за детски болести бројката е помала, односно има 17 пациенти, но не се сите во лоша здравствена состојба.

Четиринаесет годишната девојка која вчера почина поради компликации од грипот, уште од раѓање имала тешки хронични заболувања, а вирусот дополнително и ја влошил здравствената состојба. Таа е воедно и првата жртва на грипот годинава. Во текот на минатата недела беа регистрирани нови 3.600 случаи на грип, што претставува зголемување од близу 30 проценти во однос на претходната недела. За оваа сезона, бројот на заразени лица е речиси 11 илјади.

притисни ентер