Инфективна клиника: Двајца пациенти со компликации од грип во животозагрозувачка состојба, 38 хоспитализирани

Двајца пациенти со компликации од грип се на механичка вентилација на Универзитетската Клиника за инфективни болести и се во животозагрозувачка состојба, информираат од таа јавна здравствена установа.

На Инфективната клиника се хоспитализирани вкупно 38 пациенти со компликации од грип.

На Универзитетската Клиника за детски болести, пак, се хоспитализирани 17 пациенти со симптоми на грип, но сите немаат компликации. Директорката на Клиниката, Наташа Најдановска Алулоска денеска изјави дека две деца се хоспитализирани со потешка форма на бронхопневмонија од компликации од грип и посочи дека немаат пациенти со грип кои се на механичка вентилација.

Во врска со девојчето кое вчера почина на таа Клиника од компликации од грип, таа рече дека тоа имало хронична болест, енцефалопатија и церебрална парализа.

– Почина со пневмонија како компликација од грип. Детето беше долги години пациент на Клиниката, а со грип беше лекувано два дена, додаде д-р Најдановска Алулоска, одговарајќи на новинарско прашање пред стручната презентација на тема „Леукемија болест што се лекува", што се одржа на Медицинскиот факултет. /МИА

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер