Презентација: 84 проценти од децата со акутна лимфобластна леукемија може да бидат излекувани

Децата кои заболуваат од леукемијата, се поуспешно ја победуваат подмолната болест- велат од универзитетската клиника за детски болести.

 Годишно заболуваат од 35-40 деца, а 85% од нив успеваат да се излекуваат.

Резултати ги презентираше директорката на детската клиника Наташа Алуловска.Таа оцени дека тие се успешни и компаративно со светските, а наголемата заслуга ја има тимот од доктори специјалисти, кои како што кажа, се малкуброен, но високо квалитетен тим.

Докторите велат дека е битно да се подигне свеста кај граѓаните и потенцираа дека раното откривање на болеста, прецизната дијагностика, заедно со подобрите услови на лекување и современата терапија им дава поголема шанса на пациентите да се излекуваат.

Утре е меѓународен ден на децата зболени од рак, со цел да се изрази поддршка на заболените од рак, оние кои го преживеале и нивните семејства, воедно и да се подигне свеста за нејзиното препознавање поради не специфичните симптоми.

притисни ентер