Србија и Косово потпишаа спогодба за железничка линија

Претставници на Србија и на Косово во Минхен денеска потпишаа изјава за намери за обнова на железничкиот сообраќај меѓу Белград и Приштина.

Спогодбата е потпишана во присуство на специјалниот американски претставник за преговорите меѓу Србија и Косово Ричард Гренел и претседателите Александар Вучиќ и Хашим Тачи, а потпишувањето на документот следува по минатомесечното потпишување на писмото за намери за обновување на авиолинијата меѓу Белград и Приштина.

притисни ентер