Калифорнија брише 85.000 судски пресуди за марихуана

Технологијата нуди интересни можности.

Повеќе од 85.000 пресуди за помали прекршоци во врска со консумирање марихуана, автоматски ќе се избришат од судските списи благодарение на новата компјутерска програма која ќе почне да се применува во Калифорнија, каде продажбата и употребата на марихуана во рекреативни цели е легализирана во 2018.

Овие пресуди од кои некој се изречени уште во 1961 година, неретко се препрека во вработувањето и пронаоѓањето на стан.

Новата технологија може во неколку секунди да препознае кои случаи се прикладни за примена на оваа мерка и така ќе им помогне на вработените во службите да не мораат да ги проучуваат сите списи во судскиот архив, се пофалија службите.

притисни ентер