Постигнат договор помеѓу ЈП ПОЦ, Општина Центар, Скопски пазар и пазарџиите од Зелен пазар

 ЈП Паркинзи на Општина Центар, во месец март ќе го уреди „дивиот паркинг“ позади „Зелен Пазар“ кој моментално е во хаотична состојба и не е функционален ниту за жителите ниту за корисниците на услугите на Скопски пазар.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски, остварија средба со директорот на Скопски пазар АД Скопје, Младен Дамев и претставници на пазарџиите од „Зелен Пазар“ со цел да се надминат проблемите на паркиралиштето „Аутомакедонија“.

На средбата се разгледуваа доставените барања од страна на пазарџиите, се разговараше за нови ефикасни решенија кои се во интерес и на жителите и на трговците од „Зелен Пазар“ и постигнат е договор кој ќе го реши проблемот на ова паркиралиште.  

Имено, ЈП Паркинзи на Општина Центар, во месец март ќе го уреди „дивиот паркинг“ позади „Зелен Пазар“ кој моментално е во хаотична состојба и не е функционален ниту за жителите ниту за корисниците на услугите на Скопски пазар. На ова неуредено паркиралиште ЈП ПОЦ ќе постави нов систем за контрола на влезно-излезни рампи, односно, едниот дел ќе биде наменет за товарните возила на пазарџиите, а останатиот дел ќе биде резидентен паркинг за жителите од ул. „11 Октомври“ и  бул. „Кочо Рацин“. Со отворање на ова паркиралиште, паркиралиштето „Аутомакедонија“ целосно ќе се ослободи од товарните возила и ќе им овозможи на жителите брз и лесен пристап до нивните домови, информираат од Општина Центар.

Општина Центар во координација со пазарна инспекција ќе ја преземе одговорноста за дивите пазарџии на паркиралиштето кај „Аутомакедонија“.

притисни ентер