Кина бара помош од меѓународната заедница

Кина ги повика сите земји да се придружат во напорите во борба против новиот Коронавирус, изјави денес кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

„Коронавирусот ги преминува границите, заради што се неопходни обединети напори на меѓународната заедница. Во оваа борба за јавно здравје најважно е меѓусебното разбирање, довербата и поддршката без оглед на границите“, рекол Ванг по разговорот со германскиот министер за надворешни работи Хајк Мас во Минхен.

До сега од Коронавирусот умреле 1.383 лица а заразени се 64.435 ширум светот.

притисни ентер