Груби: ДУИ целосно ги поддржува законските решенија

ДУИ целосно ги поддржува Законите за јавно обвинителство, Совет на јавни обвинители, за одбрана, изборниот законик со корекција на изборните единици како и преспанскиот, охридскиот и добрососедскиот договор. - напиша Артан Груби на полноќ.

Ова следеше откако генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски синоќа на својот фејсбук профил напиша дека постои реална можност да се направи ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

„Само Интервју“ вечерва со Бујар Османи

Во вечерашното „Само Интервју“ ќе гостува Бујар Османи 

Почитувани сограѓани, дали во декември ќе се оставри сонот за почеток на преговори со ЕУ или ќе паднеме во уште една колективна депресија, вечерва во Само Интервју, Гоце Михајлоски одговори ќе бара од министерот за надворешни работи Бујар Османи.

По европски или по балкански „терк“ Бугарите го напишаа меморандумот до земјите на ЕУ?

Тајни „алатки“ или прикриен „патоказ“ кон ЕУ, зошто Заев е толкав оптимист, кога Борисов во најмала рака е резервиран?

Како да не бидеме дел од предизборниот политички дискурс на Бугарија, дали толкава количина полтичко „трпение“ полека ни ја „витка“ кичмата или поскоро ќе не однесе во ЕУ?

"Pse jo" нема премиер Албанец - дали желбата да се остане на власт беше посилна од принципите? За бурната политичка и ковид есен, вечерва во Само Интервју со Бујар Османи, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

Ковачевски: Буџетот е во добра кондиција за да ја исплати помошта на компаниите и граѓаните

Заменик министерот за финансии  Димитар Ковачевски за проекциите на Светска банка дека земјата влегува во рецесија вели дека причината за тоа е ковид кризата како и во сите други земји.

Уверува дека буџетот е во добра кондиција за да ја исплати помошта на компаниите и граѓаните.

МВР: Кривична пријава за непочитување на мерките за заштита од Ковид-19

 Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата на Република Македонија во врска со Ковид-19.

На 22.10.2020 околу 21.00 полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во с.Арачиново. Притоа, во објектот се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 200 лица.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата на Република Македонија во врска со Ковид-19.

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, соопштија од МВР.

притисни ентер