Шилегов: Во мојата визија Скопје го гледам како зелен град со повеќе зелени површини

Овој форум на архитекти и инженери е од исклучително големо значење за нашиот град заради можноста за размена на искуства и идеи од областа на архитектурата и градежништвото како основен предизвик за секој современ град. 

Во мојата визија Скопје го гледам како зелен град со многу повеќе внимателно распоредени зелени површини, повеќе функционални јавни простори, сообраќај планиран на начин што ќе обезбеди одржлива урбана мобилност и комунална инфраструктура која ќе биде целосно во функција на обезбедувањето на чиста и здрава животна средина. Ќе се залагам Скопје да се развива и шири на начин што ќе го релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот, на сметка на рационалното користење на неискористените слободни површини во северниот дел од градот.

Ова го истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на отворањето на Share конференцијата, што се одржа вчера во Филхармонија. Посочи дека верува дека до 2022 година, кога истекува важноста на постоечкиот ГУП, имаат доволно време да ги вклучат сите засегнати страни во изработката на новиот ГУП на начин што ќе обезбеди гаранција дека се сериозно лимитирани можностите за пропусти при носењето на деталните урбанистички планови и другата планска документација од понизок ранг. Според него, ќе се отворат можности со новиот ГУП да обезбедат и услови да се продолжи со деталното планирање на градот на начин што сериозно ќе го унапредува квалитетот на живот на граѓаните.

– Овој форум на архитекти и инженери е од исклучително големо значење за нашиот град заради можноста за размена на искуства и идеи од областа на архитектурата и градежништвото како основен предизвик за секој современ град. Оваа конференција е особено важна за нас како локална власт и заради отпочнувањето на процесот за подготвување на новиот генерален урбанистички план на Град Скопје 2022-2032 е уште еден предизвик кој верувам дека ќе биде инспирација за многу дискусии и во рамките на оваа конференција. Имајќи предвид дека станува збор за еден сложен и сеопфатен процес во подготовката на новиот ГУП на Град Скопје повеќе од потребна му е поддршка од поширок круг на стручни лица од различни области, невладиниот сектор, академската заедница, како и од граѓаните како поединци директно или преку единиците на локалната самоуправа, рече Шилегов.

Тој додаде дека се залага за рационално, контролирано и функционално ширење на Скопје во насока на обезбедување одржлив развој; визионерско планирање на сообраќајната инфраструктура, како основен елемент во просторната комуникација; соодветно планирање на комунална инфраструктура, посебно од аспект на инфраструктура за прифаќање со селектирање, рециклирање и депонирање на цврст и друг отпад; како и реконструкција на изградените простори и блокови во простори со повисок комунален и амбиентален стандард.

Нагласи дека искрено се радува што откако е тој градоначалник, Град Скопје има одлична соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија и се труди да ги следи препораките на домашните и на странските експерти во областа на архитектурата и градежништвото.

Од поголемите предизвици со кои се занимавале во изминатиов период ја издвои реконструкцијата на фасадите на 13 средни училишта, каде се потрудиле кај најголемиот дел од нив да ја задржат автентичноста на архитектонските решенија, а сепак да обезбедат енергетска ефикасност при изведбата на овие реконструкции.

– Минатата година имавме конкурс за идејно архитектонско-урбанистичко решение за уредување на Калето каде што побуди огромен интерес – добивме 17 труда со предлози како да ја зачуваме круната на Скопје, зашто Калето е круна на нашиот град. Пристигнаа исклучително добри решенија со визија како овој дел од градот што во минатото беше напуштен и запуштен може сите заедно да се обидеме да го облагородиме и да го направиме многу поатрактивен. Најактуелен во моментов е конкурсот за идејно решение за паркот во Карпош кој го распишавме минатата недела До крајот на овој месец очекувам да се распише и конкурсот за идејно решение за изградба на зградата на новата Универзална сала, а наскоро во план ни е и да распишеме конкурс за идејно решение за изведба на летна сцена во Градскиот парк, имајќи ја во предвид зголемената посетеност на паркот во летниот период заради концертите, фестивалите и летните кина кои ги организиравме изминативе две години, рече Шилегов.

Потенцира дека Град Скопје е целосно подготвен да преземе сè што е неопходно неговите граѓани да добијат паметен и функционален град кој ќе биде во чекор со модерните европски градови.

– Имајќи го предвид брзиот развој на модерните технологии, имплементацијата на „Паметен град" како концепт бара брзи, конкретни, но добро испланирани и координирани чекори од повеќе институции на локално и национално ниво. Град Скопје е целосно подготвен да биде лидер во овој процес и да преземе се што е неопходно нашите сограѓани да добијат паметен и функционален град кој ќе биде во чекор со модерните европски градови кои бележат сериозен напредок на ова поле. Отворени сме за нови издржани идеи на стручната јавност кои можат да помогнат овој концепт да стане наша реалност, додаде Шилегов.

Кој е Русинот , од чиј брод се истовари ѓубривото што експлодира во Бејрут?

Игор Гречушкин, руски државјанин со наводно место на живеење на Кипар, е сопственик на бродот што ја превезувал опасната стока што експлодирала во Бејрут.

Станува збор за 2.750 тони амониум нитрат, хемиско соединение што нормално се користи како вештачко ѓубриво, но во одредени ситуации може да се користи и како експлозив - или ненамерно да предизвика експлозија, како што, за жал, се случи во пристаништето во Бејрут.

Имено, ѓубривото се чувало во хангар во пристаништето од 2014 година до денес, без мерки за безбедност кои би ја спречиле катастрофата што се случи.

Со тој товар, бродот под молдавското знаме „МВ Розус“ се заглавил во пристаништето во Бејрут. Сепак, неговата дестинација не бил Либан, туку Мозамбик.

Капетанот Борис Прокошев, наводно, го запрел брод во Грција за да наполни гориво кога неговиот сопственик Гречушкин, наводно директорот на „ Teto Shipping “, јавил дека компанијата снемала пари и ќе мора да собере дополнителен товар во Бејрут за да ги покрие патните трошоци.

Рускиот портал Сибирјан Тајмс пишува дека бродот запрел во Бејрут поради дефект.

Во секој случај, кога бродот се вкотвил во Бејрут, локалните пристанишни власти го притвориле поради „груби прекршувања во управувањето со бродот“, т.е. „недостаток на документи и услови потребни за превоз“, неплатени пристанишни такси и поплаки од рускиот и украинскиот екипаж.

Екипажот од осум Украинци и двајца Руси бил принуден да остане на бродот, а сопственикот Гречушкин прогласил банкрот и едноставно „го напуштил бродот“. Либанските власти на крајот ослободиле шест од десетте членови на екипажот, а четворица останале заробени на бродот полн со експлозивен товар скоро една година.

„Тој ни рече дека банкротирал и, иако не му верувам, најважно е што ги крена рацете и од својот екипаж и од неговиот товар“, изјави еден од работниците.

"Морнарите беа на бродот 11 месеци. Имавме малку потрошен материјал. Му пишував на Путин секој ден. На крајот, моравме да продаваме гориво за да ангажираме адвокат со тие пари. Сопственикот не ни обезбеди храна или вода", рече капетанот Прокошев.

Гречушкин не одговори на прашањата на новинарите.

Според е-пораките разменети меѓу Прокошев и неговиот адвокат Шарбел Дагуер, амониум нитратот бил растоварен во пристаништето во Бејрут до ноември 2014 година и оставен во магацин. Властите тогаш го држеле таму шест години, и покрај предупредувањата од либанскиот царински директор Бадри Дахер дека станува збор за „исклучително опасен“ товар.

Си-Ен-Ен доби документи кои покажуваат дека Дахер и неговиот претходник Мерхи во повеќе наврати се обратиле до судовите во Бејрут со цел да се обидат да го складираат опасниот товар на друго место.

Дахер, кој залудно предупредувал дека товарот е еквивалентен на „лебдечката бомба“, потврди за Си-Ен-Ен дека неговата канцеларија испратила „шест писма до правните тела“, но дека властите никогаш не одговориле на ниту еден од нив.

Западна Европа ја очекува рекордно топол период

Западна Европа се подготвува за силен топлотен бран што ќе донесе екстремни температури веќе втор викенд по ред, пишува Си-Ен-Ен.

Англија утре ќе се приближи до највисоката температура оваа година, што беше измерена за време на минатонеделниот топлотен бран . Највисоката температура во петок ќе се приближи до историскиот рекорд од 38,7 степени, што е забележано во јули минатата година, покажува прогнозата на британската метео служба.

Канцеларијата Мет веќе издаде предупредување за делови од Англија каде температурите ќе се искачат на скоро 37 степени овој викенд. Но, овој пат топлотниот бран во Лондон и околните области се очекува да трае најмалку седум дена, пренесува Си-Ен-Ен.

"Додека овој топлотен бран можеби нема да донесе толку високи температури како минатата недела, топлината ќе трае значително подолго. Минатата недела топлината беше проблематична само за еден или два дена. Овој топлотен бран ќе трае во оваа област најмалку пет дена и во градовите како Париз ќе има температури над 36 степени секој ден од петок до понеделник “, рече метеорологот на Си-Ен-Ен Тејлор Вард.

За францускиот главен град се предвидува дека температурата ќе биде повисока од 32 степени секој ден за целата наредна недела. Во Белгија ќе биде до 14 степени потопло од просекот на некои места, со највисоки температури над 32 степени. Во текот на викендот ќе биде 34 или 35 степени во Брисел. Во Амстердам и другите делови на Холандија може да достигне до 32 степени во текот на викендот. Над просечната температура може да остане во Западна Европа следните девет дена.

"Кога топлотниот бран трае долго, ефектите може да се мултиплицираат . Многу домаќинства во овој регион немаат климатизација и кога температурите се искачуваат на околу 35 степени, зградите повеќе не можат да се ладат, ставајќи ги во опасност луѓето, особено постарите и оние со здравствени проблеми“, заклучи Вард.

На „Блато" запленети се вкупно 370 килограми марихуана

Албанската полиција доцна вечерва соопшти дека количината на запленетата марихуана на граничниот премин „Блато" на албанско-македонската граница кај Дебар е многу поголема од количината за која информираа медиумите.

– По целосното мерење на запленетата дрога утврдено е дека во камионот кој беше контролиран на преминот „Блато" откриена е количина од 370 килограми. Дрогата беше откриена при излез од албанска територија во камион марка „мерцедес" со албански сообраќајни ознаки, со лого на производител на мебел, управувано од лицето Флориан Алимани(26) од пограничното село Долно Ѓурица. Крајната дестинација била Северна Македонија, стои во вечерашното соопштение од полицијата.

Оттаму информираат дека истрагата продолжува во соработка со македонската полиција со цел да се идентификуваат сите лица вмешани во трговијата со дрога од двете страни на границата.

Дрогата е откриена при втората контрола, а била скриена во посебен простор поставен над подот на возилото. Била натоварена во Пешкопеја.

Според полицијата, успешната акција е резултат на засилените контролни мерки со цел спречување секаков обид за шверц на дрога и спречување на било какви меѓугранични криминални дејствија.

Ова е најголема количина на дрога запленета на двете страни од овој граничен премин./MИА

притисни ентер