Граѓаните денеска ги одбележуваат „Св.Трифун“ и „Св. Валентин“

Православните верници денеска го чествуваат Свети Трифун , празник посветен на лозарите и на винарите. За дел од граѓанството денеска е Свети Валентин - ден на љубовта .

По повод празникот „Свети Трифун“ на локацијата „Лепово“ ќе се одржи свечено закројување на лозовите насади. А на свеченоста ќе присуствуваат премиерот на техничката влада Оливер Спасовски и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Дел од граѓаните денеска го одбележуваат празникот „ Свети Валентин“ кој низ годините се одомаќини и кај нас а важи за празник на љубовта и вљубените.

Заев до Вартоломеј: Православниот народ во нашата земја заслужува автокефална МПЦ-ОА

Претседателот на Владата, Зоран Заев испрати писмо до неговата светост, патријархот Вартоломеј, поглаварот на Цариградската патријаршија.

Премиерот Заев се навраќа на средбата во Истанбул на која беше побарана негова асистенција и заложба Македонската православна црква – Охридска архиепископија, да биде признаена како автокефална црква и да биде примена во заедницата на помесните православни цркви.

„Го почитуваме сето она што е одредено од меѓународните договори и состојби. Но, бараме да бидеме слободни и црковно во рамките на границите на нашата земја и нашите архиереи да сослужуваат со архиереите од сите православни цркви во светот", се вели во писмото на премиерот Заев до неговата светост, патријархот на Цариградската патријаршија Вартоломеј.

Во писмото се истакнува дека православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност која ја сонува веќе цел еден век и дека очекува да ја види Македонската православна црква – Охридска архиепископија признаена како автокефална, со благословот и со писмена одлука од првиот меѓу Христовите архиереи на земјата, цариградскиот патријарх Вартоломеј.

НФЛ подели над милион долари казни на три екипи за неносење маски

Раководството на НФЛ казни три тима и нивните тренери со повеќе од еден милион долари за неносење маски за лице, објави лигата на својата веб-страница.

Денвер Бронкос, Сан Франциско 49ерс и Сиетл Сихокс беа казнети со по 250.000 доалри за кршење на безбедносните протоколи утврдени во борбата против ковид-19.

Тренерот на Бронкос, Вик Фанџо, тренерот на 49-те, Кајл Шанахан и тренерот на Сихокс, Пит Керол, исто така, се казнети со по 100.000 американски долари поради тоа што не носеле маски.

Дисциплинската постапка на НФЛ дојде само една недела откако лигата во изјава го предупреди тимот да ги следи безбедносните протоколи во врска со мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

„Треба да бидеме внимателни и дисциплинирани во спроведувањето на процедурите и протоколите утврдени не само од лигите, федерациите и клубовите, туку и од државите и локалните самоуправи“, напиша извршниот потпретседател на НФЛ, Трој Винсент.

НФЛ бара сите поединци на кои им е дозволен пристап до клупата да носат постојано маска за лице.

Ердоган со помирен тон во кавгата со Грција:Мора да ја намалиме напнатоста

Турција и Грција се подготвени да започнат „подготвителни преговори“ во врска со нивниот спор за истокот на Медитеранот, објави денеска турското претседателство.

На видео конференција меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, учесниците изјавија дека „Турција и Грција се подготвени да започнат подготвителни разговори“ за источниот Медитеран, каде што двете земји се борат за потенцијално богата територија со природен гас.

Ердоган на состанокот рече дека „тие мора да ги намалат тензиите со меѓусебни мерки и да ги користат каналите на дијалог“, додаде истиот извор.

Турскиот претседател во петокот рече дека е подготвен да се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и да разговара со него доколку Атина покаже „добра волја“ за решавање на кризата.

Првиот круг на подготвителни преговори насочени кон решавање на конфликтите во источниот Медитеран се одржа во 2016 година.

Турција и Грција, обете членки на НАТО, се борат за наоѓалишта на нафта и гас во источниот дел на Медитеранот, во областа за која Атина смета дека е под нејзина јурисдикција.

На 10-ти август, Турција испрати истражувачки брод, придружуван од воени бродови, во водите меѓу Грција и Кипар.

За кризата ќе се дискутира на европскиот самит што беше одложен од 24 и 25 септември за 1 и 2 октомври, а повеќе земји и се закануваат на Турција со санкции.

притисни ентер