Помпео го поздравува напредокот на односите со Талибанците

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека е постигнат „ значителен напредок“ во мировните преговори со Талибанците во последните неколку дена, пренесува Би-Би-Си.

Помпео изјави дека Доналд Трамп дал зелено светло за понатамошни разговори.

Администрацијата на САД веќе подолго време се обидуваше да преговараат со Талибанците за крај на 18-месечниот конфликт во Авганистан.

Трамп во септември рече дека разговорите со Талибанците се „мртви“.

Помпео денеска го поздрави напредокот, но рече дека преговорите се комплицирани и се уште не е постигнат мировен договор.

Неговата изјава доаѓа откако американскиот секретар за одбрана Марк Еспер им рече на новинарите дека е договорен „седумдневен прекин на насилствата“.

Околу 13.000 американски војници се распоредени во Авганистан.

Гола жена со тетоважа на Меси, протестира против управата на Барселона (ВИДЕО)

Поранешната Мис БумБум, Бразилката Сузи Кортез, не крие дека е голема обожавателка на Барселона и дека нејзината голема љубов е Лионел Меси.

Таа често позира со десетката на Меси. Аргентинецот, патем, ја блокира на Инстаграм. Еден од најдобрите фудбалери во историјата е среќно оженет и има три деца.

Овој пат, Сузи направи комплет провокативни фотографии со акцент на слоганот што го држи во рацете, на кој пишува „Бартомеу, оди си!“.

"Ќе продолжам да протестирам за да го извадам Бартомеу од претседателската функција. Тој ќе плати за сите злосторства што ги стори против Меси. Ќе бидам во Барселона во октомври и ќе одржам неколку протести пред Камп Ноу", напиша Сузи.

Vou continuar com os protestos para retirar o mau-caráter Josep Maria Bartomeu do cargo de presidente do @fcbarcelona, ele vai pagar por todos os crimes que cometeu contra Lionel Messi e toda torcida blaugrana. Em outubro estarei na Catalunha para fazer vários protestos em frente ao estádio Camp Nou. #BartomeuOUT #Messi #FCBarcelona #SuzyCortez 🔵🔴 Photo: @gabrielrenne Make @hernandes_vaz sociais para retirar o mau-caráter Josep Maria Bartomeu do cargo de presidente do @fcbarcelona, ele vai pagar por todos os crimes que cometeu contra Lionel Messi e toda torcida blaugrana. Em outubro estarei na Catalunha para fazer vários protestos em frente ao estádio Camp Nou. #BartomeuOUT #Messi #FCBarcelona #SuzyCortez 🔵🔴 Photo: @gabrielrenne Make @hernandes_vaz

A post shared by 𝙎𝙪𝙯𝙮 𝘾𝙤𝙧𝙩𝙚𝙯 (@suzycortezoficial) on

Инаку, оваа Бразилка неодамна го истетовира лицето на Меси над нејзиното меѓуножје.

„Причината поради која го истетовирав Меси е затоа што за време на гостувањето на ТВ реков дека ако ја освои шестата Златна топка, тој ќе добие посебна „почест “од мене“, изјави Сузи во јануари.

Во Чешка е воведен полициски час за кафулињата и рестораните

Владата на Чешка воведе полициски час за кафулињата и рестораните што ќе мора да се затворат во 22 часот, откако порасна бројот на заразени лица во земјата.

„Под дејство на алкохол, контактите и непочитувањето на основните правила се многу почести“, рече новиот чешки министер за здравство, Роман Прајмула.

Индустриските здруженија стравуваат дека продажбата ќе опадне и до 30 проценти како резултат на новиот полициски час, кој ќе важи за почетен период од најмалку две недели.

Мерката е придружена со нови ограничувања на бројот на луѓе на големите спортски и културни настани, со максимум 2.000 на отворено и 1.000 лица во затворен простор.

Претставниците на фудбалот и хокејот на мраз се особено вознемирени од новите ограничувања. Претседателот на националната спортска агенција, Милан Хниличка, објави дека секторот ќе добие финансиска поддршка.

Чешка вчера потврди дека има близу 2.400 нови случаи на коронавирус, а здравствената агенција на ЕУ ЕЦДЦ регистрира околу 219 заразени лица на 100.000 жители во текот на изминатите 14 дена.

Русија го прошири списокот на граѓани од ЕУ,на кои им е забранет влез во земјата

Русија го прошири списокот на граѓани на Европската унија со забранет влез на нејзина територија и ја претстави одлуката како одговор на „непријателските“ потези на Европејците.

Министерството за надворешни работи не навело никаква причина за одлуката, донесена во време на растечки критики на Европа во врска со наводното труење на лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални.

„Ние повеќепати ја предупредувавме Европската унија за деструктивната страна на нејзиното однесување“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека списокот на поединци и европски организации на кои им е забранет пристап до Русија е проширен за да биде „еднаков“ со списокот на ЕУ.

„Доколку ЕУ опстојува на својот конфликтен пристап, ние го задржуваме правото да одговориме со соодветни мерки“, изјави рускиот министер за надворешни работи.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова ја осуди „дезинформациската кампања во врска со рускиот државјанин Навални, која ја организираа западните земји, нивните водачи, нивните официјални претставници“.

"Ние едноставно сметаме дека таквата реторика е неприфатлива. Нема докази против Русија", рече Захарова, која не повлече никаква врска помеѓу санкциите и наводното труење на Навални.

Европскиот министер за надворешни работи Јозеп Борел неодамна ја спомена можноста за усвојување на „закон на Навални“ што ќе биде средство за можни санкции. Германија исто така најави можност за казнени мерки против Русија.

Членките на ЕУ ја повикаа Русија да го расветли она што тие го сметаат за обид за атентат, но Москва одбива и вели дека нема индиции дека е сторено кривично дело.

Германија го идентификуваше нервниот агенс Новичок како средство со кое е затруен Навални. Отровот бил произведен во поранешниот Советски сојуз за воени цели.

Москва ги отфрли „неоснованите обвинувања“ и, од друга страна, ја обвинува Германија дека одбива да ги открие медицинските досиеја на Навални.

По труењето, Навални бил пренесен во болница во Берлин, каде лекарите дијагностицирале труење со Новичок, што било потврдено од лабораториите во уште две европски земји.

притисни ентер