„Само интервју“ вечерва со Васил Тупурковски

Вечен спортист  и американски стипендист, но кој е навистина Васил Тупурковски?

Дами и господа петок е последен работен и ден за „Само Интервју“, во прво лице со членот на последното колективно претседателство на СФРЈ, професорот по меѓународно право, основач и претседател на некогашната Демократска алтернатива и долгогодишен претседател на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски.

Вечен спортист  и американски стипендист, но кој е навистина Васил Тупурковски?

Во време на студентски протести во Југославија, од активен член на сојузот на социјалистичката младина и школуван во капиталистичка Америка, станува негов претседател.  За едни беше „херој“, за други „гробарот на Југославија“, може ли да ни’ открие како се гледа себе си од оваа перспектива?

Дали е точно дека во 94-тата година, седум години пред рамковниот, бил „за“ „историски договор“ помеѓу Македонците и Албанците?

Тој е на став дека Договорот од Преспа треба да го прифатиме како единствено реално решение, но можеше ли поинаку?

Кој пред 27 години ја „прокоцка“ шансата за името и може ли да ни открие што преговараа во 92-та со тогашниот грчки премиер Константин Мицотакис?

Дали Македонија „задоцни“ со меѓународното признавање?

Кој му беше мотивот за неуспешната „тајванска приказна“ која го расплака екс-претседателот Глигоров?

Може ли да ни ја открие тајната, како остана цели 24 години претседател на Македонскиот олимписки комитет?

За македоснките „патриоти“ и „предавници“, за распадот на Југославија, самостојноста, грешките и ветувањата за името, Гоце Михајлоски во „Само Интервју“ ќе ги бара одговорите од македонската легенда Васил Тупуковски, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

притисни ентер