Илјадници луѓе умираат од новата дрога , 50 пати појака од хероин

Во САД, според владините податоци, фентанил и другите синтетички опиоиди убиваат 30.000 луѓе годишно.

Фентанил е состојка во лекови против болки, кои се достапни со рецепти во форма на фластери, спреј за нос или апчиња што се раствораат под јазикот. Многу пациенти кои го примаат на рецепти, не се свесни за неговата сила.

Педесет пати појак од хероинот или сто пати посилен од морфиумот, фентанилот се произведува и илегално, најмногу во Мексико и Кина. Може да се нарача на илегланата интернет мрежа, по што се испраќа во форма на таблети.

Пред три години, претседателот Доналд Трамп ја прогласи фонтанилната криза за „вонредна состојба“. Но, ситуацијата во Европа е поинаква.

Запленувањето на фентанилот е во пораст во Европа. Полицијата пресретнала повеќе од 15 килограми во 2017 година, во споредба со една година претходно , кога запленила само еден килограм.

Некои земји бележат големо зголемување на смртноста од фентанил. Имало 75 вакви случаи во Британија во 2017 година, 29 проценти повеќе од претходната година, соопштија властите.

Во Шведска починале 370 луѓе од 2014 година, што го прави фентанилот повеќе смртоносен отколку хероинот. Недостатокот на хероин во Естонија на почетокот на деценијата предизвика фентанилот да стане најкористениот опиоид кај зависниците.

Според ЕМЦДДА, од 2001 година имало 1600 смртни случаи со предозирање во таа мала балтичка земја, најмногу заради фентанил и слични опиоиди.

Последниве години полицијата откри и уништи мали лаборатории во Естонија, Франција, Германија, Полска, Словачка и Шведска.

„Но, повеќето од оваа опасна супстанција доаѓа од Кина преку темната мрежа и по пошта“, вели Лес Фиандер од Европол. „Овие мрежи се многу софистицирани, организирани како фармацевтски или трговски компании. Тие вклучуваат многу луѓе задолжени за логистика, нарачки и дистрибуција “, објасни тој.

Тој рече дека Европската полициска агенција не сака да прави паника, но го сфаќа целиот процес многу сериозно и тесно соработува со американските власти.

Триесет и четири од 49-те нови синтетички опиоиди откриени во последните десет години на европскиот пазар се деривати на фентанил. Шест од нив за прв пат се појавиле во 2018 година.

Но, Европол е најзагрижен за организираниот криминал во Мексико. „Неодамна откривме мексикански криминалци во Европа поврзани со производството на метамфетамин“, рече Фиандер. „Тие во иднина може да се префрлат на фентанил. Тогаш, најверојатно, ќе се соочиме со многу сериозна ситуација“.

Шверцот со фентанил е многу профитабилен. Според американската агенција за контрола на лекови, ДЕА, килограм нелегален фентанил може да донесе заработувачка од најмалку милион и пол долари.

„Синтетичките лекови ќе станат сè поважни, бидејќи станува сè потешко да се најде место на светот каде што можете да одгледувате кока и опиум од афион“, вели Грифитс од ДЕА.

„Бидејќи се многу моќни, синтетичките лекови имаат вистинска предност на пазарот и фентанилот се вклопува во тој модел“, заклучи тој.

Брнабиќ: Белградските и локалните избори ќе се одржат на 2 јуни

 Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека донела одлука да го прифати барањето на опозициските партии сите локални избори да се одржат заедно со изборите во Белград на 2 јуни. 

Брнабиќ на вонредна прес-конференција рече дека тоа би значело дека в сабота ќе се расправа за измените Законот за локални избори. Локалните избори ќе ги распише в недела.

„Одлучивме да го прифатиме барањето, во консултација со претседателот, на опозицијата околу СПН и коалицијата НАДА и да ги распишеме сите тие избори закажани за јули и август. За ова ќе биде потребна измена на законот за локални избори ... И секако е важно да го направиме тоа што е можно поскоро, затоа моето барање до службите и до сите пратенички групи е да го завршат попладнево“, изјави таа.

Песков: Американската помош за Украина нема да ја промени ситуацијата на фронтот

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека новата американска помош за Украина нема да промени ништо на бојното поле.

- Тоа на никаков начин нема да влијае на развојот на ситуацијата на фронтот … што е многу неповолно за украинската страна, посочи Песков.

Неговата изјава уследи откако претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон најави дека на 20 април ќе се одржи долгоочекуваното гласање за помош на Украина, Израел и Индо-Пацификот.

Гласањето е по повеќе од два месеци откако пакетот беше одобрен во Сенатот.

Надлежниот комитет претстави закон што ќе обезбеди 60,84 милијарди долари за Украина и регионалните партнери, од кои 23,2 милијарди долари ќе бидат искористени за обнова на резервите американско оружје и објектите.

Поддршката за Израел изнесува вкупно 26,38 милијарди долари, вклучително и средства за покривање на трошоците за американските воени операции како одговор на неодамнешните напади.

Средствата наменети за Индо-пацификот изнесуваат 8,12 милијарди долари.

Спасување мачка во поплавите во Дубаи

Полицијата во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по силниот дожд што го зафати тоа подрачје, спаси мачка од обилните поплави. Мигот на спасувањето стана видеохит на мрежите.

На снимките се гледа како црно-белото улично маче очајно се закачило за вратата од еден автомобил, сѐ дури спасувачите не го земат и однесат на безбедно, пренесува „Си-ен-ен“.

Според наводите, за само 24 часа во Дубаи наврнал дожд колку што вообичаено паѓа за две години во ова подрачје. Емиратските медиуми дождот од завчера веќе го нарекуват - „историски метеоролошки настан“ што надминал „сѐ што е документирано од почетокот на собирањето податоци“ (за времето) во 1949 година.

притисни ентер