КСС со барања за најавените реформи на администрацијата

Независните синдикати излегоа со барања околу најавите за реформа на администрацијата .

Да се стопира трансферот од јавен во приватен сектор, бараат синдикатите. Според нив со оваа мерка се прави уцена на вработените во администрацијата. Предлагаат парите кои се планирани да се доделат на бизнисот за да се спроведе мерката, да се инкасираат во ПИОМ, а воедно да се донесе и закон за предвремено пензионирање на сите со наполнети 60 години и полн стаж.

Бараат да се воведе К-15 за сите административци, да се почитуваат колективните договори и да се донесе нов закон за работни односи. Меѓудругото бараат и, во иднина да бидат вклучени во контролите на инспекторите со образложение дека дел од нив носат решенија под политички притисок.

Од ККС посочија дека со Светската конфедерација на синдикати ќе подготват тужба за пред Меѓународната организација на трудот за сериозно нарушување на слободата на синдикалното функционирање.

притисни ентер