Електричниот болид Тајкан победи на тешко тестирање (ВИДЕО)

Top Gear го тестираше електричниот автомобил на Porsche.

Крис Харис остана без коментар откако го стегна педалот за гас на Тајкан. Тестирањето не започна добро, затоа што на почетокот, новинарот иронично заклучи дека Порше претставил  турбо без турбо.

Но, штом почна возењето, работите тргнаа далеку подобро. По неколку забрзувања, имаше и пресврти, како  и заклучок кој што сите го очекуваа: „Ова е вистинско Порше! “ извика воодушевениот новинар. И колку навистина беше брз, провери Стиг. Совршениот круг го помина со време 1: 17,6 што е подобро од Бугати Вејрон, Ферари Енцо и Кенигсега ЦКХ.

притисни ентер