Еден од тројцата Македонци на елитниот крузер заразен од коронавирусот

По девет дена строг карантин на луксузниот крузер „Дајмонд Принцес“, стигна и непријатна вест од Јокохама.

Кај еден од тројцата Македонци на бродот, закотвен на пристаништето, е потврден коронавирусот, соопштија попладнево од МНР. Заболениот, кој на крузерот бил дел од персоналот заедно со уште двајца Македонци, во моментов е во стабилна здравствена состојба. Останатите наши двајца државјани досега не пројавиле никакви симптоми, кои упатуваат на вирусот.

-Добивме информации дека наши државјанин на бродот е заболен од корона вурусот. Тој е сместен во болница во Јокохама, вели Гордана Кузмановска, Институт за јавно здравје

Драмата на крузерот почна на 4-ти февруари, кога 300-метарскиот брод со 3.700 патници беше ставен во две неделна изолација поради присуство на корона вирусот. До истекот на карантинот преостануваат уште пет дена, иако неизвесно е како ќе се одвива состојбата дотогаш и дали патниците ќе бидат пуштени дома. Бројот на новозаболени на бродот речиси секој ден расте за неколку десетици и во моментов изнесува 2020.

-Имаме нови случаи на корона вирус на крузерот. По извршениот 220 нови тестови, дијагностициравме инфекции од овој вирус кај 43 патници и еден член на екипажот. Тие се пренесени на третман во болнички услови, вели Катсунобу Като, министер за здравство на Јапонија

-На крузерот има многу постари патници, кои се многу ранливи. Дел од нив, имаат хронични срцеви проблеми. Нивното здравје е кревко и тоа ја прави состојбата на бродот доста неизвесна, Еји Кусуми, професор на Универзитетот во Токио

Офијалната бројка на жртви и заболени од коронавирусот денеска драматично порасна откако кинеските власти ги променија методите на броење, и почнаа да ја прават дијагнозата на самото место, наместо да ги чекаат лабораториските тестови. Кина денеска изброја нови 240 жртви, последниот биланс се искачи на 1.400, а бројот на заразени надмина 60 илјади.

-Оваа епидемија може да оди во која било насока. И затоа се уште е прерано да да се предвиди крајот на епидемијата, изјави Тедрос Адханом, претседател на СЗО

По милионските градови ставени во каранти во Вухан, Виетнам денеска стана првата земја надвор од Кина што стави населено место во изолација. Се работи за градче близу Ханој, со 10 илјади жители.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер