ПСЖ подготвува фантастична понуда за Мбапе

Францускиот фудбалски шампион При Сен Жермен подготвува нов милионски договор со репрезентативецот Килиан Мбапе.

Раководството на ПСЖ дефинитивно по секоја цена сака да го задржи одличниот напаѓа, новиот договор за Мбапе е „безобразно“ голем, сметаа медиумите.

Во Париз сите се свесни дека летово Мбапе многу лесно би можел да го напушти ПСЖ и да се пресели во Реал Мадрид, кралевите со години се „загреани“ за купување на одличниот фудбалер.

Килиан Мбапе доколку го потпише новиот договор со ПСЖ во траење од пет години , ќе има годишна плана од фантастични 50 милиони евра, или за пет години во дресот на „светците“ би заработил неверојатни 250 милиони евра.

притисни ентер