Курти преферира „албански Шенген“, наместо „мини Шенген“ на западен Балкан

Косовскиот и албанскиот премиер со различни гледишта за поврзувањето меѓу земјите од западен Балкан.

„Албански Шенген“ не може да постои без „Балкански Шенген“, истакнал премиер на Албанија Еди Рама по средбата со неговиот косовски колега Албин Курти.

Ставот на Курти, меѓутоа, е дека е поважен „Шенгенот“ меѓу Албанија и Косово од „мини-шенгенот“ иницијативата зад која стојат Србија, Албанија и Македонија. Курти, како што пренесува приштинска „Коха Диторе“, сака „албански шенген“ и кажа дека денешната средба повеќе била посветена на „макро албанскиот шенген“ отколку на мини балканскиот шенген“.

Рама истакнал дека ни Србија, ни други земји не можат да се противат на отстранувањето на границата меѓу Албанија и Косово. Ова беше прво официјално патување на Курти надвор од Косово по преземањето на должноста премиер на почетокот на месецов.

притисни ентер