Војаџер 2 повторно истражува во меѓуѕвездениот простор (ВИДЕО)

Големото летало на НАСА повторно собира податоци за науката.Војаџер 2  уште еднаш се појави во меѓуѕвездениот простор , откако се сметаше дека се изгаснал.

На 25 јануари се појави сондата со најдолг стаж, која го истражува меѓуsвездениот простор, а која што во ноември 2018 година не успеа да изврши маневар како што беше предвидено. Како резултат, двата системи останаа подолго од планираното, влечејќи толку многу енергија што Војаџер 2 автоматски ги исклучи инструментите за истражување.

Членовите на мисијата изразија увереност дека можат да го решат проблемот и нивната доверба се исплатеше : научната опрема на Војаџер 2 се врати во погон и работи, објави НАСА.

„Операторите на мисијата известуваат дека Војаџер 2 продолжува да биде стабилна и дека комуникациите меѓу Земјата и вселенското летало се добри“, напиша агенцијата.

„Леталото продолжи со земање податоци за науката и научните тимови сега ја оценуваат состојбата на инструментите по нивното кратко исклучување“.

Војаџер 2 и неговиот близнак, Војаџер 1, започнаа во 1977 година со невидена „голема турнеја“ на надворешниот Сончев систем. Двете вселенски летала спроведоа летови доЈупитер и Сатурн, откривајќи многу податоци за двете најголеми планети на Сончевиот систем. Војаџер 2 потоа го зумираше Уран во 1986 година и Нептун во 1989 година; сондата останува единственото летало што почна со разгледување на овие „ледни џинови“.

Двете вселенско летало сè уште се движат по повеќе од 42 години во вселената, но тие нема да можат да ја продолжат својата пионерска работа засекогаш. Радиоизотопските генератори кои ги напојуваат леталата, најверојатно, ќе бидат исклучени до средината на 2020-тите, соопштија од НАСА.

Војаџер 1 и Војаџер 2 во моментов се на околу 22,2 милијарди километри , односно 13,5 милијарди км од Земјата. Потребни се повеќе од 17 часа за да патува светлина од Земјата до Војаџер 2, што значи дека членовите на тимот на мисијата треба да чекаат ден и половина за да видат дали нивните команди функционираат.

Одложен е самитот на ЕУ, претседателот на Советот бил во контакт со заразено лице

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел го одложи самитот на земјите-членки на ЕУ закажан за четврток и петок на 24 и 25 септември за 1 и 2 октомври, бидејќи едно лице со кое бил во контакт било заразено со коронавирус.

„Претседателот на Европскиот совет одлучи да го одложи вонредниот самит закажан за 24 и 25 септември за 1 и 2 октомври“, објави неговиот портпарол Баренд Лејтс преку Твитер. Мишел денес дознал дека лицето задолжено за безбедност со кое бил во близок контакт минатата недела бил позитивен на корона.

"Претседателот редовно се тестира, а вчера тестот му беше негативен. Почитувајќи ги белгиските правила, тој од денес е во карантин", додаде Лајтс.

Главната тема на самитот, кој сега е одложен, е стратешката дебата за односите на ЕУ со Турција, како и прашањето за санкции против белорускиот режим.

Имено, Кипар го блокира воведувањето санкции против Белорусија, барајќи да и се воведат санкции на Турција поради истражувањето на нафта и гас во Медитеранот.

Најтежок ден во Црна Гора,296 новозаболени,осуммина починати

Осум лица починале денеска од ефектите на коронавирусот во Црна Гора, а 296 се заразени, соопштија црногорските здравствени власти.

За нешто повеќе од три месеци, од средината на јуни, кога започна вториот бран на епидемијата во Црна Гора, 137 лица починале од инфекција со коронавирус, а скоро 9000 се заразени.

Во првиот бран, од средината на март до почетокот на мај, кога беа воведени рестриктивни епидемиолошки мерки, државата имала само 9 смртни случаи и 324 заразени.

Во Црна Гора моментално има 3448 активни случаи, што е 547 на 100 илјади жители, убедливо најмногу во регионот.

Црногорските епидемиолози ги гледаат причините за ваквите, како што рекоа, алармантни состојби во политичките митинзи на власта и опозицијата за време на парламентарните избори.

Здравствените власти секојдневно ги предупредуваат граѓаните дека мора да ги почитуваат епидемиолошките мерки, особено да носат маска и да ја почитуваат оддалеченоста во угостителските објекти, со оглед на тоа што во моментов најголем број на заразени има кај популацијата родена по 1981 година.

„Не е исклучена можноста да се затворат градовите каде ситуацијата е најтешка, но тоа е екстремна мерка“, соопшти претходно Црногорскиот институт за јавно здравје.

Девојка откри како изгубила 22 килограми без да влезе во теретана(ФОТО)

Жена од Австралија изгубила повеќе од 22 килограми за неколку месеци без да стапне во теретана.

Анџела Боујер (22) започнала да се дебелее поради лошата диета и вели дека веројатно не јадела ништо зелено цели две години.

Но, пред три години, таа одлучила да го промени својот животен стил и да се фокусира на фитнес. За жал, била премногу исплашена за да оди во теретана, открила за news.com.au.

И покрај тоа, таа успеала да ја намали тежината само со вежбање на отворено и дома, а се фокусирала главно на вежби за слабеење и тренинг со висок интензитет (HIIT). „Почнав полека со еден тренинг неделно и полека го надградував на почести тренинзи, за да достигнам најмалку пет пати неделно“, објасни таа.

Таа вели дека читала списанија и пребарувала на интернет како да вежба без теретана и само ги следела советите.

Денес ја следат повеќе од 100.000 луѓе на Инстаграм, каде ја покажува својата импресивна нова фигура и споделува совети за вежбање. Таа веќе не се плаши од теретана и ја вклопила во својата рутина.

Иако е насочена кон здрава исхрана со многу протеини како пилешко, говедско и путер од кикирики, сепак успева да изеде и храна како сладолед или хамбургери. „Не треба одеднаш да престанете да јадете сè “, предлага таа. „Полека, чекор по чекор.

За сите оние кои се заинтересирани за обновување на сопствената диета, таа им препорачува да почнат да бараат здрави алтернативи за нивната омилена храна и полека да ги вметнуваат во нивниот план за исхрана.

suns out 🌞

A post shared by 𝐀𝐍𝐆𝐄𝐋 𝐁𝐎𝐖𝐘𝐄𝐑 👼🏽 (@angelmaybowyer) on

притисни ентер