Автомобилче – играчка вреди колку десетина нови возила

Автомобилчето од 1968  е светиот грал за колекционерите на  „ Hot Wheels “.

И, се разбира, беше пронајден од Џоел Мејџ, обожавател на серијата „Pawn Stars“ познат како „Извидник за играчки“. Станува збор за моделот Chevy Camaro, во бела боја. Она што го прави посебен и неизмерливо поскап од обичен модели на автомобилчиња е фактот дека станува збор за прототип на кој што требало да се види какви несовршености ќе генерира употребата на новата нијанса на бела боја.

Биле произведени само 16 примероци, во далечната 1968 година, но само неколку биле во продажба. Мејџ го пронајде овој скап модел случајно како дел од колекцијата на автомобили „Hot Wheels“ и, по истражувањето, утврди дека тоа е единствениот примерок што постои . И никој не може да си поигрува со тоа , затоа што неговата цена се проценува на најмалку 100.000 американски долари. Новото автомобилче во 1968 година чинело 59 центи.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

Дејвид Бекам објави снимка како вежба: Не сакам ова да го види жена ми (ВИДЕО)

Дејвид Бекам се пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без маица и ги воодушеви своите фанови.

48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од своите напорни тренинзи, а неговите стомачни мускули, како и бројните тетоважи на телото ги привлекоа погледите на фановите.

„Ти си како виното, се подобруваш со годините“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на обожавателите.

Да потсетиме, неговата сопруга Викторија неодамна покажа подарок што го доби од него, а кој целосно ја воодушеви.

притисни ентер