Бројот на корисници на WhatsApp надмина две милијарди

WhatsАpp, апликација за допишување на мобилен, објави дека има повеќе од 2 милијарди корисници ширум светот и дека силно ја штити нивната приватна комуникација.

„Задоволни сме што можеме да кажеме дека WhatsApp има повеќе од две милијарди корисници ширум светот“, велат од групата, истакнувајќи ја важноста на заштитата на комуникациите, фотографиите, видеата и другите лични информации на своите корисници.

„Знаеме дека колку повеќе се поврзуваме, толку повеќе треба да ги заштитиме податоците“, коментираат од WhatsApp. „Бидејќи поминуваме се повеќе и повеќе време на Интернет, заштитата на комуникациите е поважна од кога и да било“.

WhatsApp гарантира дека секоја испратена порака е обезбедена со „моќно криптирање“.

притисни ентер