Вардаровиот ракометен џин Криштопанс се пресели во Фуксе Берлин

Европскиот ракометен шампион Вардар остана без еден од своите најдобри и најефикасни ракометари, десниот бек Даинас Криштопанс.

Летонецот денеска го официјализираше трансферот во Бундеслигашот Фуксе Берлин.

Изненадувачкиот трансфер го потврди легендарниот германски ракометар Штефан Кречмар, актуелниот  менаџер на Фуксе Берлин.

„Добредојде Даинис“,објави Кречмар.

Криштопанс кој од јуни има договорен трансфер во  францускиот ПСЖ, по натпреварот со Кил во Лигата на шампионите, штрајкуваше и не тренираше со тимот на Вардар, револтиран од неисплатените плати.  

Незадоволниот Криштопанс поради тоа инсистираше да го напушти Вардар, за на крајот тој да добие дозвола за трансфер во Фуксе Берлин до крајот на актуелната сезона.

Високиот десен бек го напушта европскиот шампион пред еден од решавачките натпревари на Вардар во групната фазаза пласман во осминафиналето, против директниот конкурент Мотор Запорожје.

притисни ентер