Видео: Драма на ледот, хокеар доживеа срцев удар, играчите на двата тима се молеле за неговиот живот!!

Хокеар по пет минути минати на теренот кога сакал да седне на клупата само се срушил!!

Меч од американската хокеарска лига (НХЛ) за малку ќе бил трагичен за искусниот хокеар на Сент Луис Џеј Боумистер, кој доживеал срцев удар долу на теренот.

36 годишниот хокеар се срушил на клупата за резерви по само пет минути минати во игра. Џеј паднал и останал да лежи крај клупата за резерви.

Неговите соичрачи веднаш реагирале и побарале помош. Лекарите на двата тима реагирале и почнале со реанимација, додека хокеарите на двата тима клекнале на теренот и започнале да се молат за животот на Боумистер.

Натпреварот бил прекинат се додека му се укажувала помош на хокеарот. Потоа Џеј во возило на итната помош бил пренесен во болница, сега 36 годишниот Боумистер се рехабилитира од срцевиот удар и се наоѓа надвор од животна опасност.

Хокеарот на Сент Луис инаку е ветеран на НХЛ, Џеј има долга кариера во најсилната светска лига и настапувал и за екипите на Флорида, Калгари, веќе осум години е во Сент Луис.

Со репрезентацијата на Канада, Боумистер има две титули светски шампион и едно злато од Олимписките игри во Сочи во 2014 година.

притисни ентер