Во Бразил откриен сосема нов вирус , со непознати гени

Научниците неодамна откриле нов, мистериозен вирус чиј геном се чини дека е целосно непознат, односно составен од гени кои никогаш не биле идентификувани.

Yaravirus brasiliensis, именувана по Јара (Iari) - водена кралица во бразилската митологија која потсетува на водна нимфа или сирена, бил пронајден во бразилското вештачко езеро Памбула. Иако не е натприродно битие, вирусот се чини дека е мистериозен како и споменатите легендарни суштества, пренесува Science Alert.

Причината, објаснуваат научниците, е дека вирусот е „нова лоза на вируси заразени со амеби кои имаат енигматично потекло и филогенија (развој на живи суштества)“. Откриле дека повеќе од 90 проценти од генот на yavavirus никогаш не биле евидентирани.

Само шест забележани гени имаа сличност со познати вирусни гени документирани во научни бази на податоци. По пребарувањето на над 8500 јавно достапни метагеноми, научниците не пронашле геном поврзан со јаравирусот.

„Кога ја спроведовме нашата прва генетска анализа, не откривме препознатливи капсидни секвенци или други типични вирусни гени кај јаравирусот“, објаснуваат истражувачите.

Научниците веруваат дека ова би можело да биде првиот изолиран случај на непозната група на вируси или потенцијален вид на гигантски вирус кој некако би можел да се развие во намалена форма.

Студијата под името A mysterious 80 nm amoeba virus with a near-complete “ORFan genome” challenges the classification of DNA viruses беше објавена во научното списание„БиоРксив“.

Јанчев: Фудбалот во Кавадарци.... Некогаш и сега!

Цели 17 години кавадарчани го живееја сонот да го видат својот миленик повторно во првата лига, напиша на својот профил на Фејсбк, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Фудбалот во Кавадарци.... Некогаш и сега! [⬇️]

[📌] Цели 17 години кавадарчани го живееја сонот да го видат својот миленик повторно во првата лига. Од 2017 та година откако Митко Јанчев ја доби функцијата градоначалник на Општина Кавадарци, работите за ГФК Тиквеш кој играше во втората лига исток тргнаа кон подобро. Во сезоната 2018–19 Тиквеш играше бараж за влез во првата лига но загуби од Силекс со 2-3. По паузата заради КОВИД пандемијата, градоначалникот Јанчев покажа огромен сенс за спортот и уште повеќе го поттикна клубот решен на своите кавадарчани да им го врати прволигашкиот фудбал. Тоа и се случи веќе во сезоната 2020/21 кога Тиквеш заврши како втор и во баражот со 1-0 го совлада Силекс а кавадарчани по 17 години повторно добија можност да уживаат во прволигашки фудбал.

[📌] Во првата сезона по враќањето во првата лига Тиквеш

Ќе влијае ли глобалниот данок од 15% на новите инвестиции во ТИРЗ зоните?

Ќе влијае ли глобалниот данок од 15% на новите инвестиции во ТИРЗ зоните и за светските компании кои се веќе во земјава, по обврската да ја воведеме давачката која произлегува од членството во организацијата за соработка и развој(ОЕЦД)?

Според проценките, 50 странски компании кои работат во земјава ќе бидат опфатени од глобалниот минимален данок кој ОЕЦД го наметна од први јануари годинава. Првичните истражувања на „Прајс вотерхаус куперс“ покажале дека македонскиот буџет по овој основ ќе се соочи со одлив од најмалку 30 милиони евра годишно... Од советот на странски инвестиции при стопанската комора пак велат очекувале транзициски период.

Ние како Совет уште минатата година го покренавме овој разговор и оваа дискусија со економскиот тим на Владата, и ако тогаш на еден или друг начин ни беше кажано дека барем ќе има некаков транзициски период каде што ние како држава веднаш тоа нема да го воведуваме, сепак од први јануари оваа година овој данок е воведен на глобално ниво, така да голем број на компании без разлика дали работат во или вон технолошко-индустриските развојни зони, или дали тие добиваат државна помош или не, ќе треба детално да се разгледаат сите ефекти како тоа ќе влијае врз локалните компании...

Светските компании во земјава сега плаќаат данок од 10%, а со глобалниот ќе плаќаат вкупно15% со тоа што 5% ќе одат во нивните матични земји. Според првиот човек на ТИРЗ – Јован Деспотовски нема да се отежни процесот на привлекување на странски инвестиции. Според него сегашниот данок од 10% мора да остане поради придобивките за домашната економија... Предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за намалување на данокот за компаниите на 5% за него е неекономски...

-Нема да го отежнат за нас, меѓутоа очигледно ќе го отежнат за нашите политички опоненти, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ заговара нова стратегија на привлекување на странски инвестиции кои што се базираат на намалување на данокот на добивка што е „нонсенс“. Ние како држава сега треба да бидеме паметни, да ги спречиме негативните ефекти врз домашната економија, тоа значи да не се залетаме и да го воведеме тој данок од 15%. Исто така и не треба да бидеме глупави па да одиме со политиката од 10% на 5%, знаејќи дека компаниите кои плаќаат сега 10% ќе треба разликата до 15% да ја доплатат некаде на друго место,- -Јован Деспотовски – Директор на ТИРЗ.

Според наведеното, ОЕЦД со глобалниот данок сака да стави крај на трката со даночни ослободувања или олеснувања да се привлечат што е можно повеќе инвеститори од страна на земјите. Нивната иницијатива ја подржаа 140 земји, а тоа ги засега над 8.000 светски мултионационални компании со консолидирана добивка од над 750 милиони евра...

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Македонија, со седиште во Белград.

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази уверување дека врз основа на принципите за демократско владеење, владеење на правото и почитување на фундаменталните права и слободи во иднина ќе се создадат можности за развој на односите и соработката помеѓу Македонија и Белорусија во домените каде што тоа е возможно.

Амбасадорот Сергеј Малиновски во своето обраќање истакна дека Белорусија очекува трговска соработка со Македонија, како и соработка за други прашања на билатерален и мултилатерален план.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Малиновски му посака добро здравје, како и многу успех во извршувањето на неговата одговорна мисија, соопштуваат од кабинетот.

притисни ентер