Министерот Филипче најави три нови апарати за магнетна резонанца за бoлниците во Охрид, Прилеп и Гостивар

 Министерот за здравство Венко Филипче денеска го посети Одделението за третман на деца со потешкотии во развојот при Општата болница во Охрид, што беше отворено пред неколку месеци со поддршка на Владата на Република Бугарија.

Во Центарот, што е единствен во регионот се лекуваат и престојуваат деца со посебни потреби од Охрид, Кичево, Струга, Ресен, а со нив работат експерти од областа, дефектолози, невролози, невропсихијатри…

Тој разговараше со надлежните од установата, за потребите од натамошно зајакнување на капацитетите на експертскиот кадар во болницата, најавувајќи дополнителни специјалистички дообразби на лекарите, како и опремување на болницата со нов апарат за магнетна резонанца, со оглед на големата потреба од такви дијагностички снимања за пациентите од градот и околината.

– Станува збор за исклучитално важен апарат за жителите во регионот, имајќи предвид на големиот број сложени интервенции што се спроведуват во болницата и во другите здравствени установи во градот, а имаат потреба од такво вид снимање, рече министерот, најавувајќи дека во Охрид ќе ги посети уште и Специјалниот завод за третман на кардиоваскуларни заболувања и Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо", чија изградба е во тек.

По однос динамиката на реконструкцијата на „Свети Еразмо", Филипче истакна дека градежните активности се при крај, со очекувања дека тие би требало да бидат заокружени до крајот на мај годинава.

– Тоа ќе биде современ, модерен центар за третман на ортопедски пациенти, но и за пациенти со комплексни кардиолошки заболувања, со тоа што дел од кардиолошките интервенции ќе продолжат да се работат во постојната зграда на Заводот за кардиологија, додека комплексните интервенции за кои е неопходна посовремена апаратура ќе се изведуваат во рамки на болницата „Свети Еразмо", рече Филипче.

Кога станува збор за апаратот за магнетна резонанца, тој ќе биде набавен од развојниот буџет на ресорното Министерство, преку кој уште ќе бидат обезбедени такви апарати уште и за потребните на центрите во Прилеп и Гостивар. Постапката за набавка на апаратура ќе биде отпочната за две седмици.

Што се однесува на подобрувањето на состојбите со недостиг на специјалисти педијатри и гинеколози во целата држава, Филипче најави дека решението на проблемот ќе се бара преку искуствен модел на функционирање на примарната здравствена зашитита во Република Словенија, по пат на циркулација на лекарите од болниците и здравствените домови.

– Со измените во Законот за здравствена заштита при недостиг на одреден број специјалисти, на сите специјалисти ќе им биде овозможено да работат и како матични лекари, но и во болничките установи преку дежурства за што ќе бидат соодветно платени. Таму каде недостигаат матични лекари ќе биде дозволено, преку посебен печат болничките специјалисти да работат и како матични лекари…Верувам дека во периодот што следува дополнителните услуги што матичните лекари ќе можат да ги пружаат во јавните здравствени установи навистина ќе доведат до полесен пристап на пациентите до соодветна здравствена заштита, рече министерот Филипче.

Владата денеска својата редовна осма седница ќе ја одржи во Охрид, како петта од серијата седници, што се одржуваат во десет региони во земјата.

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави предизборна коалиција наречена „За твоја Македонија“

Коалицијата „Обнова за Македонија“ стана „Твоја Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше соработката со 24 политички партии и организации со кои потпишаа договор за стратешко коалицирање за претстојните избори.

На досегашните традиционални коалициони партнери се приклучија Достоинство на Стојанче Ангелов, Демократски сојуз на Павле Трајанов, Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, Македонски Концепт на Петар Богојески и новоформираната бошњачка партија на Сафет Бишевац. Дали сепак некој од нив ќе добие пратеничко место на изборните листи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски не откри со најава дека ќе се знае утре на промоцијата на кандидатите, иако од партијата во неколку наврати посочија дека новите коалициони партнери нема да се најдат на листата со кандидати за пратеници. Мицкоски рече дека коалицијата се обврзува за реализација на партиската програма, каде приоритет ќе бидат економијата, борбата со корупцијата и враќање на довербата на граѓаните во институциите.

-Коалицијата „Твоја Македонија” се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, целосно и недвосмислено ќе се водиме од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување. Свесни за девастирачкиот карактер на политиките на неодговорната владејачка клика, обзнануваме дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите- Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски смета дека во СДСМ се свесни дека на претстојните избори ќе претрпат пораз, а според информациите кои тој ги има веќе во штабот на Бикаќка се лицитирало со бројки за тоа колку со колку пратенички места ќе загубат на изборите.

„ Номрлано е дека Ковачевкси ќе се обиде да најде начин да го мобилизира своето членство. Јас не очекувам дека тој сега ќе излезе ќе развее бело знаме предадени сме завршена е работата иако во тие меѓупартиски состаноци јасно им е и на нив и си кажуваат лицитираат со бројки колкав ќе биде поразот дали ќе биде со 30 пратнеика разлика, помалку од 30 итн. “-Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека неговата коалиција ќе води позитивна кампања која за претседателските избори официјално почнува во четврток.

Пратеничките листи, партијата ги потврди синоќа на највисоките органи на партијата.. ќе ги предводат Мицкоски, Мисајовски, Ковачки, Николоски, Сајкоски и Дафина Стојановска, а на нив се речиси сите пратеници од актулената пратеничка група.

Тен Хаг го потврди враќањето на Лисандро Мартинез

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, потврди дека Лисандро Мартинез најверојатно ќе се врати во тимот за утрешното гостување кај Брентфорд.

Аргентинецот тренира со полна брзина најмалку десетина дена и ќе може да се врати од повредата на коленото, а добра вест за „црвените ѓаволи“ е што на располагање ќе бидат и други играчи кои имаа проблеми.

-Да, има шанси да се врати во тимот. Ни недостигаше на секој меч што го пропушти бидејќи внесува смиреност во тимот. Во исто време, тој има менталитет на победник и тоа го покажува многу јасно, но може да го пренесе и на другите, што многу придонесува за нивото на нашиот настап. Има и други фудбалери кои се вратија на теренот и веќе тренираат. Очекувам дека и Лук Шо ќе биде подготвен пред крајот на сезоната, такви се прогнозите, ја објасни ситуацијата тренерот.

Гир не коментира за злоупотребените 2,2 милиони евра што Македонија треба да ги врати

Националната агенција за Еразмус во Македонија да ги испорача сите препораки на ОЛАФ – вели евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир.

Иако не сакаше да ги коментира одлуките на Европската Комисија, сепак уверува дека и покрај истрагата во иднина нема да се намали буџетот за нови проекти во земјава финансирани од европски пари и очекува програмата да продолжи да функционира без проблеми.

-Во согласност со стандардните процедури не коментираме за истраги извршени од ОЛАФ, телото на Европската Унија за истражување измами. Иако очекуваме од агенцијата тука во Македонија да ги испорача разните препораки дадени од ОЛАФ за овој случај, продолжуваме да имаме доверба во Агенцијата и согласно на тоа, не ја намаливме висината на буџетот за „Еразмус“ програмата. Среќен сум што ќе кажам дека „Еразмус“ продолжува да работи во корист на младите, студентите и универзитетите во оваа земја.- Дејвид Гир – Евроамбасадор

Случајот вчера го обелодени директорот на националната агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓорѓиевски, кој посочи дека станува збор за проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус Плус, финансирани од Европската Комисија во периодот од 2016 до 2018 година. Поранешната директорка на агенцијата, Лидија Димова за „Фокус“ тврди дека во 2019 година поднела кривична пријава за проневера на средствата, но дека поранешни високи функционери и вршеле притисок да ја повлече истата.

-Во април 2020 година, од Владата ми беше доставен ‘поздрав’ со листа на проекти што требаше да ги ‘пуштам’. Во јуни 2020 година, тогашниот премиер Зоран Заев – во присуство на Нола Исмајлоска – од мене побара да ја повлечам кривичната пријава. Во октомври бев разрешена поради ‘неетичко однесување’ (прашајте го Љупчо Николовски што значи тоа), а во јули 2021 година Нола беше именувана за регионален координатор за ЕУ, се разбира, откако гласаше за промена на името на државата. Во следните неколку месеци новиот директор на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски, ги доисплати сите спорни проекти од шемата вредна 2,2 милиони евра.- Лидија Димова – Поранешна директорка на Еразмус

Во проверка на случајот покрај, ОЛАФ вклучено е и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Од таму за Канал 5 велат дека активно се спроведува предистражна постапка, но дека засега не откриваат повеќе детали поради тајноста на постапката.

притисни ентер