Бројот на починати од епидемијата на Коронавирус е зголемен на 910

Кинеската национална здравствена комисија соопшти дека од вчера до денеска бројот на починати од епидемијата на Коронавирус е зголемен на 910, од кои само во Кина починале 908.

Со овие најнови податоци, наведува комисијата, жртвите на новиот тип на Коронавирус ги надминаа оние од епидемијата на САРС, која во 2002-2003 година зеде 774 жртви.

Вкупниот број на заразени со Коронавирус во Кина надмина 40.000 лица, пренесоа француските медиуми.

Според светската здравствена организација, бројот на заразени се стабилизира, но е прерано да се каже дека пикот на епидемијата е минат.

Бројот на смртни случаи од Коронавирусот во кинеската провинција Хубеи, изворот и жариштето на епидемијата, веќе достигна 871 лица, пренесоа британските медиуми,

Во Хубеи само во последните 24 часа се регистрирани 2.618 нови случаи на заразени со вирусот, со што вкупниот број на заразени во провинцијата достигна 29 631.

Поголем дел од новите смртни случаи се во градот Вухан, каде почна епидемијата на Коронавирусот.

притисни ентер