Научниците генетски го измениле имунолошкиот систем на тројца пациенти болни од рак

Американските научници успеаја за прв пат генетски да го променат имунолошкиот систем на тројца пациенти со карцином, без да предизвикаат несакани ефекти со помош на CRISPR, нова алатка што предизвика револуција во биомедицинските истражувања.

Со нетрпение очекуваните резултати од првата фаза на клиничките истражувања беа објавени вчера во списанието Science.

Тие претставуваат нов чекор што сè уште не докажува дека CRISPR (ДНК секвенци) може да се користат за борба против ракот.

Во меѓувреме, еден од пациентите починал, а кај двајца дошло до комплицирање на болеста, но истражувањето покажало дека техниката е безопасна.

Научниците од Универзитетот во Пенсилванија (УПен) ги изолирале Т-клетките од крвта на пациентите и, користејќи CRISPR, ги отстраниле гените од клетките што може да влијаат врз способноста на имунитетниот систем да се бори против карциномот.

Потоа го вооружале вирусот со Т-клетки за да нападне протеин вообичаен во клетките на ракот, познат како NY-ESO-1, а потоа ги вратиле клетките во телото на пациентите.

Шефот на истражувачкиот тим , Едвард Статмаер, изјави за АФП дека третманот со Т-клетки што го користи имунолошкиот систем на пациентот за уништување на карциномот е пресврт во изминатата деценија, но додаде дека дури и со оваа технологија има многу пациенти кои не реагираат.

Идејата во ова истражување е да се комбинираат два нови пристапа за понатамошно зајакнување на Т-клетките.

Досега не се постигнати поголеми клинички резултати, но тој верува дека важноста на оваа студија е што оваа многу комплицирана постапка била успешно изведена.

притисни ентер