Руски тенисер збесна среде меч: Ова е најодвратниот од сите спортови , мразам тенис (ВИДЕО)

Рускиот тенисер со казахстански пасош Александар Бублик стана ѕвезда на денот на социјалните мрежи, откако збесна за време на натпреварот со Анри Лаксонен на АТП турнирот во Монпелје.

Откако направил неколку грешки во еден момент, тој започнал да вреска:

'' Да ти **ам тенисот,го мразам со сето срце.Тоа е најодвратниот од сите спортови на светот. Го мразам секој ден кога треба да играм, мразам да се борам “, викаше Бублик.

Очигледно покажуваниот гнев на 54-от играч на светот му се исплатеше бидејќи на крајот го доби натпреварот со 6: 7, 6: 1, 7: 6, но во следното коло беше исфрлен од  Дејвид Гофин со 3: 6, 6: 7 (9:11) . Скоро во секој сервис гем тој ја сервираше топката под рака, па дури го стори тоа и  на сет-топката и во вториот сет на 9: 8 во тај-брејк.

притисни ентер