Кинеските научници утврдиле: Пенголин е можен извор на коронавирусот

Мало животно , чие тело е прекриено со лушпи и во Кина се увезува илегално поради месото и лушпите , е можен извор на коронавирусот , утврдиле кинеските научници.

„Најновото откритие ќе биде од големо значење за спречување и контрола на потеклото на вирусот“, се вели на официјалната веб-страница на Универзитетот за земјоделски науки на Јужна Кина, каде било направено истражувањето.

Пенголинот е најтргуван во Азија, иако е заштитен со меѓународен закон. Месото од ова животно се смета за деликатес во земји како Кина, а неговите лушпи се користат во традиционалната медицина, соопшти Светскиот фонд за заштита на природата.

Коронавирусот досега уби 636 луѓе , а заразени се повеќе од 30.000. Епицентарот на епидемијата се верува дека е пазарот во Вухан во центарот на провинцијата Хубеи, каде се продаваат и диви животни.

Геномот на новиот вид коронавирус извлечен од псоријазата одговара на 99 проценти од заразените луѓе, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа. Студијата покажа дека пенголинот е „најверојатниот домаќин“ на вирусот.

Но, професорот по ветеринарна медицина на Универзитетот во Хонг Конг, Дирк Фајфер, предупреди дека студијата сè уште не може конечно да потврди дека вирусот го пренеле пенголините.

„Може да извлечете дефинитивни заклучоци само со споредување на распространетоста на (коронавирусот) помеѓу различни видови врз основа на репрезентативни примероци, а овие примероци речиси сигурно не се“, рече Фајфер.

Тим на научници од Универзитетот во Хонг Конг објави дека развил побрз дијагностички метод за откривање на коронавирусот.

„Раното откривање на заразените од коронавирус стана непосреден предизвик во светот поради епидемијата“, велат од универзитетот.

Научниците велат дека новиот уред, со најновата технологија за микрофлуициски чипови, може да го открие вирусот за само 40 минути, во споредба со сегашниот метод на реакција на синџирот на полимераза (PCR), кој трае еден час и половина до три часа.

Студијата, според која што лилјаци се можен извор на коронавирусот, беше објавена во списанието „Nature“, а истражувачите анализираа примероци од седум пациенти со тешка пневмонија. Шест од овие седум пациенти биле работници на пазарот Вухан, каде се појавија првите случаи на коронавирусот во декември. Откриле дека секвенците на геномите што ја одредуваат ДНК на вирусот кај пет пациенти биле скоро идентични (над 99,9% случајност).

Овие секвенци на геном исто така имаат 79,5% сличност со САРС.

Мадуро размислува повторно да се отвори Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права, откако претходно, во февруари, венецуелската Влада побара од вработените во Канцеларијата да ја напуштат земјата во февруари.

-Добив предлог за повторно отворање на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права во Венецуела и се согласувам дека треба да ги надминеме нашите разлики, изјави Мадуро за венецуелската национална телевизија, за време на заедничкиот говор со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан.

Мадуро додаде дека е подготвен наскоро да се сретне со Фолкер Тирк и дека претставникот на Канцеларијата е добредојден да дојде на разговори за разликите што ги имаат и начините за надминување на конфликтот што произлезе.

Откако кон средината на февруари од персоналот на Канцеларијата за човекови права на ОН беше побарано да ја напушти Венецуела, владата најави дека во рок од еден месец ќе ги ревидира техничките услови за соработката.

Венецуелската влада потоа го критикуваше „колонијалистичкиот, навредлив и насилен однос“ на ОН, откако специјалниот известувач рече дека венецуелската програма за храна не се занимава со основните причини за гладта во земјата, потсетуваат британските медиуми. /МИА

Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

Рускиот православен свештеник кој во март одржа комеморација во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми.

Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година.

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

-По истекот на периодот на покајание (казна - забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.

На 26 март, Сафронов одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот. /МИА

Тајрис Макси е играчот со најголем напредок во НБА

 Како што се ближи крајот на натпреварувањето во НБА лигата, така се повеќе се зборува за индивидуалните награди. Првата веќе пристигна.

Кошаркарот на Филаделфија, Американецот Тајрис Макси е добитник на наградата за играч кој најмногу напредувал во изминатиот период, објавено е на веб-страницата на НБА.

Мекси (23) доби повеќе гласови во финалниот избор од Коби Вајт од Чикаго и Алперен Шенгун од Хјустон. Наградата се доделува од 1985 година.

Минатата сезона победник беше Лаури Марканен од Јута, а меѓу оние кои досега ја освоија оваа награда се Горан Драгиќ, Паскал Сиакам, Јанис Адетокумбо, Пол Џорџ, Трејси Мекради, Зек Рендолф, Хидает Туркоглу итн. /MИА

притисни ентер