Од коронавирусот досега починале 636 лица, повеќе од 30 000 заразени

Бројот на лица кои досега починаа со последици од коронавирусот во Кина надмина 630, а досега вкупно се заразени 31.161 лица.

Само вчера во Кина починале 73 лица, со што вкупниот број на почината од последиците од вирусот во целиот свет достигна 636 лица.

Во 27 земји во светот досега се забележани 320 случаи на заразени од коронавирусот.

Македонското министерството за надворешни работи пак потврди дека на крузерот кој е во карантин во водите на Јапонија имало и тројца Македонци. На крузерот на кој има 3700 патници и членови на екипажот досега има 20 заболени од коронавирусот.

притисни ентер