Новороденче заразено од корона – се утврдува дали заболело во утробата или по породувањето

Штотуку родено бебе во Кина е најмладата личност заболена од корона вирусот.

Новороденчето било родено во епицентарот на вирусот, градот Вухан, а лекарите ја утврдиле болеста по 30 часа од неговото раѓање.

 Мајката на бебето била заразена од корона вирусот, пред породувањето и засега не се знае дали бебето било инфицирано во утробата или по породувањето.

 На рендгенската снимка било утврдено дека постојат знаци на инфекција, а забележани се и некои аномалии во функционирањето на црниот дроб. Бебето е во стабилна состојба, без температура и кашлица, но со проблеми со дишењето.

 Вирусот досега однесе над 560 жртви, а заразени се повеќе од 28 илјади луѓе во 25 земји.

притисни ентер