ПОСНА ЛЕЌА СО ЗЕЧЕНЧУК

Рецепт на Кристијан и Виктор.

Потребни состојки:  300 гр. леќа, 1 морков, 1 главица кромид, 2 чешни лук, 1 лажица црвен пипер, 100 мл. доматен сос, малку масло, 1 литар вода, зачин од сув зеленчук, бибер, ловоров лист и сол по вкус.

Постапка:

Водата се става во тенџере да зоврие.

Откако ќе зоврие, темпратурата се намалува и се додава леќата и малку масло.

Потоа се додаваат претходно исечкани: кромид, лук и морков.

Состојките се мешаат и се варат околу 50 минути.

При крај се зачинуваат со: зачин од сув зеленчук, бибер, ловоров лист и сол по вкус.

Се додава црвен пипер и доматен сос, се промешува и се вари уште 5-10 минути.

притисни ентер