ЖРСМ Транспорт АД-Скопје: Штрајкот на машиновозачите незаконски, просечната плата за декември 47.665,00 денари

ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ја известува јавноста дека редовно се исплаќаат платите и надоместоците на вработените.

ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ја известува јавноста дека на ден 04.02.2019 година поради незаконскиот штрајк од страна на Машиновозачите предводени од Претседателот на Синдикалната организација НСМПМ – Машиновозачот Душко Чакаровски, на кои за месец Декември 2019 година има исплатено просечна плата со додатоци во износ од 47.665,00 денари, не сообраќаа следните патнички возови и тоа:

–Воз број 601 во 08:05 часот на релација Табановце – Скопје по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Венко Бојаџиски;

–Воз број 601 во 09:15 часот на релација Скопје – Велес по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Венко Бојаџиски;

-Воз број 2080 во 12:10 часот на релација Велес – Скопје по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Венко Бојаџиски;

-Воз број 2081 во 13:20 часот на релација Скопје – Велес по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Венко Бојаџиски;

-Воз број 2082 во 14:24 часот на релација Велес – Скопје по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Венко Бојаџиски;

-Воз број 643 во 14:30 часот на релација Скопје – Битола по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Симо Велиновски;

–Воз број 631 во 16:55 часот на релација Скопје – Гевгелија по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Тони Атанасовски;

-Воз број 644 во 18:27 часот на релација Битола – Скопје по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Влатко Божиновски;

-Воз број 645 во 20:05 часот на релација Скопје – Битола по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Цане Трпчевски, кој по турнус на работа требал да дојде режи од Битола со воз 642;

–Поради тоа што изостанал возот број 643 односно не заминал на релација Скопје – Битола, повратно од Битола –Скопје изостанале возот број 644 во 18:27 часот и возот број 645 на релација Скопје-Битола во 20:05 часот;

-Воз број 651 во 15:24 часот на релација Скопје – Кочани по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Јово Велиновски;

-Воз број 2022 во 16:30 часот на релација Скопје – Табановце по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Радивоје Савов;

-Воз број 2024 во 20:00 часот на релација Скопје – Табановце по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Радивоје Савов;

-Воз број 660 во 16:45 часот на релација Скопје – Кичево по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Драган Стојанов;

-Воз број 2083 во 22:40 часот на релација Скопје – Велес по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Никола Коцевски.

Исто така, истиот ден не сообраќаа следните товарни возови и тоа:

–Кружна во 07:00 часот по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Дејан Цветковски и Помошник Машиновозач Тони Костовски на релација Скопски чвор;

–Воз број 41703 во 05:16 часот по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Алекснадар Вилевски и Помошник Машиновозач Зоран Атанасовски на релација Табановце Граница-Гевгелија;

-Кружна електро во 07:00 часот по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Горанчо Коцевски и Помошник Машиновозач Зоран Велиновски на релација Скопски чвор и релација Табановце Граница – Скопје Југ и обратно;

-Воз број 40623 во 12:08 часот по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозач Марјан Јовевски и Помошник Машиновозач Горан Ѓорѓевиќ на релација Табановце Граница – Гевгелија Граница;

–Kружна 15:00 часот по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозач Даниел Димовски и Помошник Машиновозач Живко Костадинов на релација Скопски чвор;

-Кружна електро во 19:00 часот по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Машиновозачот Бобан Андовски и Помошник Машиновозачот Зоран Велиновски на релација Скопски чвор и Табановце Граница – Скопје Југ и обратно;

-Воз број 44707 во 23:01 часот по турнус на работа требал да биде управуван од страна на Помошник Машиновозач Ацо Стојановиќ на релација Табановце Граница – Гевгелија.

ЖРСМ Транспорт АД-Скопје ја известува јавноста дека редовно се исплаќаат платите и надоместоците на вработените.

Железницата како крвоток и битен сегмент во извршувањето на превозот на патниците и стоките во Републиката и надвор од неа е доведен во целосен прекин на железничкиот сообраќакај со што се нанесуваат огромни материјални и нематеријални штети на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, ЈП за железничка инфраструктура на РМ и на целокупното стопанство на РМ.

На крајот напоменуваме дека незаконитиот прекин на работа, односно штрајк, не е организиран согласно ЗРО и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и истиот не е предизвикан поради социјален момент или други услови со извршување на работните задачи, туку од лична корист на Машиновозачите кои имаат месечни парични примања во износ за месец Октомври 2019 година во износ 44.955,00 денари, месец Ноември 2019 година во износ 44.070,00 денари и за месец Декември 2019 година во износ 47.665,00 денари.

Во тој контекс Ве известуваме дека платата на Машиновозачите континуирано се зголемува и тоа од 2007 година, па се до денес и тоа со користење на метод на присила, т.е. незаконски прекин на Железничкиот сообраќај во кои тие се главни носители. Во таа насока Ви посочуваме дека платите на другите вработени се драстично помали и тие воопшто не го следат претходниот тренд на зголемување на платите на Машиновозачите.

Со почит,

ЖРСМ Транспорт АД-Скопје

Баерн го вброи Емери во кандидатите за тренерската позиција

Актуелниот бундеслигашки шампион Баерн Минхен размислува за следната сезона на тренерското место да го донесе предводникот на Астон Вила, Унаи Емери.

Според „TZ“ тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е главна цел на клубот од Минхен, но поради силниот интерес за Шпанецот од Ливерпул, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Јирген Клоп, германскиот клуб размислува за други опции.

Претходно беше објавено дека Баерн размислува и за Роберто Де Зерби од Брајтон, како и за селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман.

Во февруари, Баерн најави заминување на главниот тренер Томас Тухел од клубот на крајот на сезоната 2023/24.

Џафери – Коцевски: Ефикасност од институциите за фер избори

 Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска се сретна со јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски.

Средбата се реализираше на барање на премиерот Џафери, согласно законската надлежност на Владата за организирање фер и демократски избори, соопшти владината прес-служба.

Џафери на состанокот ја истакна недвосмислената определба на Владата за реализација на избори коишто ќе ја одразат реалната волја на граѓаните. Притоа, посочи дека активностите на Владата се одвиваат според законските надлежности, а лично тој и претставниците на Владата се водат од наратив за позитивна клима во предизборието.

Од страна на јавниот обвинител Коцевски беше поздравена оваа иницијатива на премиерот Џафери, која е во насока на координирање на активностите за успешно спроведување на изборите, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес. Коцевски изрази целосна поддршка за активностите за препознавање индиции и пресретнување на евентуални дела спротивни на заложбите за спроведување законски и фер изборни процеси.

Заеднички е констатирано дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Република Македонија во евроинтеграцискиот процес. И во таа насока е потенцирана улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување, со цел спроведување фер и демократски изборни процеси. Нагласено беше очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Во Торонто промоција на книги на Крисанта Јанкула од Мала Преспа

 Во организација на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, одржана е промоција на  три книги на наставничката по македонски јазик Крисанта Јанкула од Горна Горица, Мала Преспа, Албанија, јави весникот „Македониум“.

Станува збор за „Записи од мојот крај“, „Преспа под Албанија, Божја убавина“ и „Поезија и проза од мојот крај“.

Според весникот, промоцијата побудила голем интерес и внимание од македонската заедница во Торонто.

- Не можам да го опишам големо задоволство што сум меѓу Македонците во Канада. Горда сум што во текот на целиот мој работен век, но и сега со целото мое битие се залагам за заштита на мајчиниот македонски јазик, идентитет и традиции, рече таа на промоцијата.

Додаде дека записите од Преспа почнала да ги собира со цел традициите на Македонците да останат во наследство на другите генерации.

- Во мојата работа, голема помош имав и од моите ученици, кои помогнаа во прибирањето на метеријалот со изкази на нивните дедовци и баби, посочи таа.

Се до пензионирањето, Јанкула, наставник по македонски јазик, била во деветтолетката „Отпорот на Горичаните“ во Долна Горица, каде во одреден период била и директор.

притисни ентер