Од коронавирус досега починаа 492 лица, заразени се 24.500, крузер карантин во Јапонија

Бројот на лица кои починаа од корона вирусот се искачи на 492 лица,а  заразени се 24.500.

Директорот на Светската здравствена организација  Тедрос Адан Гребрејесус ги повика сите министри за здравство итно да ја унапредат размената на податоци за новиот вид на коронавирус и најави дека ќе испрати тим од меѓународни експерти во Кина за да работат со тамошните колеги.

– Испраќаме маски, ракавици, респиратори и речиси 18.000 заштитни костуми во повеќе од 20 земји на кои им е потребна поддршка, рече Гебрејесус на состанокот на извршниот одбор на СЗО во Женева.

Болеста се прошири во повеќе од 25 држави ширум светот, а најмногу случаи има регистрирано во Кина, пред се, во провинцијата Хубеи, во која се појави  вирусот.

Последните случаи на вирусот се откриени на крузер што пристигнал воЈапонија, во кој се откриени 10 случаи на заразени, заради што сите 3.700 патници и членови на екипажот на бродот се задржани во карантин, каде ќе останат најмалку две недели.

притисни ентер