Скандал го тресе уметничкото лизгање во Франција : Тренер силувал малолетна шампионка

Француското обвинителство отвори истрага против поранешниот тренер по уметничко лизгање Жил Бејер (62) за наводно силување и сексуално напад на малолетнички.

Истрагата е покрената откако поранешната француска шампионка Сара Абитбол објави книга во која тврди дека Бејер ја силувал повеќе пати од 1990 до 1992 година кога била тинејџерка.

„Бев ранлива и ти го искористи тоа. Дури и денес, кога ќе ја напуштам куќата, се плашам. Мразам да одам на места што не ги познавам. Непознатото е нужно синоним за опасност. Не можам да патувам сама, тоа е невозможно, а летањето беше тортура “, напиша 10 -кратната француска шампионка, кој заедно со Стефан Бернадис освои бронзен медал на Светскиот куп во 2000 година.

Бејер минатата недела призна дека имал „интимни“ и „несоодветни“ односи со Абитбол, по што бил отпуштен од клубот Les Francais Volants, во кој имал една од водечките улоги.

Обвинителот Реми Хејц во изјавата рече дека прелиминарната истрага ќе бара да се идентификуваат и други жртви кои можеби претрпеле слични дела.

Францускиот министер за спорт, Роксана Марачинеану побара оставка од претседателот на француската федерација за уметничко лизгање, Дидиер Гаилхагут, кој раководел со неа во времето на наводните силувања.

L'Equipe објави дека француското Министерство за спорт го раскинало договорот со Бејер во 2001 година, по извештајот за откривање сериозни дела извршени против млади лизгачки. И покрај тоа што беше отпуштен од работа, Бејер ја продолжил работата во Les Francais Volants и беше на лидерско место во неколку мандати во Француската федерација за уметничко лизгање до 2018 година.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер