Во пораст бројот на заболени од рак, годишно 7.807 нови случаи

Се зголемува бројот на заболени од карцином во државава.Годишно се дијагностицираат над седум илјади новозаболени од кои за жал, половината ја губат битката.

Николина Котевска 4 пати е оперирана од карцином. Најпрво и се појавил на тироидната желзда по што следеле зафати, а потоа и на грлото и на дојката. Вели дека раната дијагностика, како и грижата од лекарите и го спасиле животот. На сите жени им препорача редовно да вршат прегледи и самопрегледи на дојките.

,,Карциномот не го викам карцином, туку проклетник затоа што напаѓа и млади и стари и е најголемиот убиец. Јас сум денес здрава жена. На болните им препорачувам да не се предаваат, да мислат позитивно, да се борат и ќе победат. На сите жени им препорачувам порано да одат на предгледи, да вршат самопрегледи на дојките. Се спасив бидејќи болеста навреме ми беше откриена и на тироидната жлезда и на дојката и на ларингот, рече Николина Котевска.

Годишно се дијагностицираат околу 8 илјади заболени од карцином, најголем дел се со карциноми на белите дробови и на дојката. Годишно умираат над 4 илјади. Ова го покажува статистиката на здружението „Борка“ кое го одбележа Светскиот ден за борба против рак.

На одбележувањето присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, кој посочи дека изминативе две години направиле значаен чекор во третманот, дијагнозата и превенцијата на малигните заболувања.

притисни ентер