Филипче: На Клиниката за онкологија воведена психосоцијална поддршка за пациентите и нивните семејства

„Се грижиме за подобро здравје на нашите пациенти“.

На Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија, покрај давањето за соодветен третман при лекување на пациентите, што вклучува обезбедување соодветна терапија за пациентот кој се лекува на оваа Клиника, од минатата година во оваа терапија вклучена е и психосоцијалната поддршка на пациентот како клучна за подобрување на целокупниот процес низ кој поминува, соопшти Министерството за здравство.

– Се грижиме за подобро здравје на нашите пациенти. Првпат обезбедивме психолошка поддршка на пациентите со онколошки заболувања и оваа поддршка е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите. Обезбедивме над 30 молекули иновативна, биолошка терапија и сега во нашата држава нема ниту еден пациент да чека за лек за малигна болест. Ниту еден пациент кој има малигна болест не само за процесот на лекување, туку и за контролни прегледи сега не плаќа партиципација, потенцираше министерот Филипче.

Воведен е и успешно функционира протоколот во кој психолозите даваат индивидуално и групно, психосоцијална поддршка на пациентите и нивните семејства во Кабинетот за психолошка поддршка, во дневната болница и во болничките соби. Целта на психо-онкологијата е давање на психосоцијална поддршка за пациентите со надеж за зголемување на квалитетот на животот на пациентите, информираат од Министерството за здравство. /МИА

притисни ентер