Во пораст бројот на заболени од рак, годишно 7.807 нови случаи

Се зголемува бројот на заболени од карцином во државава. Годишно се дијагностицираат 7.807 новозаболени од кои 2.700 имаат карцином на белите дробови и на дојката. 

Годишно умираат 4.116 од заболените од карцином, изјави за МИА претседателот на Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден", Биба Додева.

Здружението денеска во своите простории го одбележа 4 февруари, Светскиoт ден за борба против ракот на кое присуствуваа министерот за здравство Венко Филипче, директори на клиники, доктори и пациенти. Додева рече дека Светскиот ден за борба против ракот се одбележува од 2000 година и целта е да се здружат владите, институциите, невладиниот сектор за да се подигне свеста за превенција, рана дијагноза и современ и навремен третман на заболените од рак.

Министерот Филипче истакна дека во изминатите две години направиле значаен чекор напред во третманот, дијагнозата и превенцијата на малигните заболувања. Потенцира дека во изминатите две години почнале и завршиле процесите кои значат дека во државава сега нема пациент кој чека лек за малигна болест, има 30 нови молекули на најсовремена терапија, а сите тие лекови се сертифицирани од оргиналните производители.

– За заболените од рак на дојка има прволиниска и второлиниска терапија, има најсовремена биолошка терапија за третман на малигна болест на белите дробови, кожата и на мозокот. Во сферата на ракот на дојката има двојно читање на мамографските слики, што значајно го намалува ризикот од грешна интерпретацијата. Во сферата на ракот на грлото на матката имаме најсовремена четиривалентна вакцина за која се повеќе млади жени и девојки покажуваат интерес да се вакцинираат. Целокупниот дел на партиципација сега го покрива државата. Ниту еден пациент кој има малигна болест не само за процесот на лекување на основната болест, туку и за сите контролни прегледи сега не плаќа партиципација. Од страна на ФЗОМ се дадоа и нови ортопедски бесплатни помагала, првпат градник и ракавица за пациентките кои се оперирани од карцином на дојка, рече Филипче.

Додаде дека во сфера на лекувањето има значаен напредок во делот на торакалната хирургија, целосно нова операциона сала според најсовремени стандарди каде ќе се оперираат пациенти со карцином на бели дробови и дојка, на Клиниката за хематологија има нови методи за лекување на карцином на крвта за што претходно пациентите беа испраќани во странство…

Николинка Котевска, која четири пати е оперирана од карцином на тироидната жлезда, на грлото и на дојката, изјави дека не се чувствува веќе болна. Посочи дека има преживеано и мозочен удар, блокада и реанимација на срцето, а добила и дијабетес.

– Карциномот не го викам карцином, туку проклетник затоа што напаѓа и млади и стари и е најголемиот убиец. Јас сум денес здрава жена. На болните им препорачувам да не се предаваат, да мислат позитивно, да се борат и ќе победат. На сите жени им препорачувам порано да одат на предгледи, да вршат самопрегледи на дојките. Се спасив бидејќи болеста навреме ми беше откриена и на тироидната жлезда и на дојката и на ларингот, рече Котевска и се заблагодари за третманот од лекарите и за поддршката од Здружението „Борка".

Појавата на сплескана глава кај бебето може да се спречи со неколку прости чекори

Синдромот на сплескана глава или плагиокефалија се однесува на деформациите на главата на бебето што настануваат пред или по раѓањето поради надворешни влијанија врз неговата мека черепна структура. 

Тоа може да се спречи со неколку едноставни чекори.

Како прво, новороденчето не треба да спие на една страна цела ноќ. На секои два - три часа родителот треба да му ја менува положбата на бебето кое спие. Така притисокот не е само на една страна на главата.

И кога мајката го дои малечкото, или го храни со шише, исто така треба да се менува раката и страната на држење. Така се поттикнува бебето само да ја врти главата.

Бебињата треба да спијат на грб. Но, стручњаците препорачуваат - додека новороденчето е будно, да биде барем кусо време легнато на стомак.

Важно е, пред сѐ, да се напомене дека многу бебиња го надминуваат овој проблем кога ќе почнат да лазат или да седат. Истражување спроведено во Америка покажа дека речиси половина од бебињата на возраст меѓу седум и 12 недели имаат плагиокефалија, а 78 отсто од нив имаат благ облик од оваа деформација.

Ако сè уште сте загрижени, порталот „Кликс“ препорачува консултации се педијатар. Бебињата на кои им е дијагностицирана посериозен облик на плагиокефалија добиваат посебна капа за тоа. /МИА

Хашкиот суд му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладот во палестинската енклава.

Во едногласната одлука на највисокиот суд на Обединетите нации, беше речено дека Израел мора да дејствува без одлагање и да дозволи „обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош. Најпотребната помош вклучува храна, вода, електрична енергија, гориво, засолниште и облека, како и средства за хигиена и медицински материјали, пренесува Би-Би-Си. Израел обвинувањата дека земјата ја блокира помошта ги нарече „целосно неосновани“ и соопшти дека продолжува да промовира нови иницијативи за да овозможи континуиран проток на помош во газа по копно, воздух и море.

Фото: Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно?!

Скандалозна изјава на сопруга на украински фудбалер, „Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно“.

Сопругата на украинскиот фудбалски репрезенативец Александар Зубков, убавата Ани ја шокира јавноста со неодмерени.

Само ден по триумфот на Украинците над Исланд вреден пласман на ЕУРО 2024, јавноста повторно беше изненадена од убавата Ани.

На денот кога Украина го победи Исланд во бараж дуелот сексапилната Ани го прослави својот роденден.

За жал, нејзиниот сопруг Александар Зубков не доби шанса да игра против Исланд. Селекторот Сергеј Ребров го остави на клупата за резерви.

Крилниот напаѓач на Шахтјор има одлична сезона, одигра 19 натпревари во првенството на Украина, постигна четири гола и забележа пет асистенции.

Ана Зубкова го привлекува вниманието на украинските медиуми со своите неодмерени изјави, но и со својот изглед.

Ана Зубкова пред две години ги запали социјалните мрежи со следнава изјава:

- Не би можел да бидам со човек кој не заработува многу пари. Или премалку заработува. И што? Се прашувате која плата би била нормална за мојот човек? Да речеме 10 илјади евра.

Провокативната Ани потоа истакнала дека месечно само за себе и својот изглед троши околу 3000 евра.

Инаку Ана Зубкова работела како модел, додека не го запознала фудбалерот на Шахтјор. Таа позираше за украинското издание на „Плејбој“ и така стана многу позната во јавноста.

Сега таа редовно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи и со тоа предизвикува реакција кај јавноста во Украина.

притисни ентер