Паника во Хунан-Кина, угинале 18000 птици од последици од птичјиот грип Х5Н1

Во град во централната кинеска провинција Хунан угинале скоро 18 000 пилиња по заразата од птичји грип Х5Н1, е наведено на сајтот на Министерството за земјоделие на Кина.

Во соопштението не е наведено кога избила заразата, како и кога заразените пилиња морале да бидат усмртени. Хунан инаку се граничи со провинцијата Хубеи, епицентарот на коронавирусот.

Според наводите на министерството, птичјиот грип се појавил на фарма во градот Шаојанг и од него угинале 4500 кокошки, повеќе од половина од јатото на фармата.Во целиот град угинале околу 18000 птици по избивањето на заразата. Во соопштението од кинеското министерството е наведено дека  причина за заразата е подтип на грипот Х5Н1.

Веста предизвикала паника бидејќи се појавила во време кога во Кина хара коронавоирусот од кој досега починале повеќе од 300 луѓе.

Според Светската здравствана организација иако Х5Н1 грипот може да се пренесе на луѓе, преку контакт со мртвите птици или контаминирана средина, сепак овој грип е редок меѓу луѓето.  

притисни ентер