Болницата за заболените од коронавирусот со 1000 кревети во Вухан е готова

Градоначалникот на Вухан, Џоу Сијанванг утрово  на војската и ја предаде новата болница Хушеншан изградена за шест дена , чии што 1.400 здравствени работници ќе почнат со работа од утре, пренесува СНН.

Властите во кинескиот град Вухан изградија болница со илјада легла за третман на пациенти заразени од коронавирус.

Според кинеските медиуми, болницата е монтажна и може да се изгради за шест дена.

Исто така, се гради уште една болница – Леишеншен, која ќе биде отворена на 5 февруари, така што двете заедно ќе имаат 2.600 кревети.

притисни ентер