Бројот на починати од коронавирусот се зголеми на 305, регистриран првиот смртен случај надвор од Кина

Бројот на починати од коронавирусот се зголеми на 305, а регистриран е и првиот смртен случај надвор од Кина – на Филипините, каде што почина кинески државјанин (44) од Вухан, од тешко воспаление на белите дробови.

 Од центарот на епидемијата на коронавирусот, кинескиот град Вухан, со воени авиони од различни земји се евакуираат странските државјани, кои веднаш по слетувањето се прегледуваат и упатуваат во двонеделен карантин.

Во меѓувреме, се поголем број авиокомпании ги прекинаа летовите кон градот.

Во исто време, Кина со чартер летови ги враќа од странство граѓаните на провинцијата Хубеи, каде што има најмногу заразени.

притисни ентер