259 починати околу 12.000 заразени од коронавирусот

Бројот на починати од коронавирусот се зголеми на 259, а речиси 12.000 луѓе низ светот се заразени со вирусот.

Опасниот коронавирус ги опустоши градовите во Кина, каде низ улиците речиси да нема никој.Во Хонгконг продавниците се главно затворени, прекината е наставата во училиштата, а на вработените им е овозможено да работат од дома.

Поради страв од вирусот, голем број граѓани не излегуваат од своите домови, а во аптеките и продавниците е распродадена целата стока. Оние „похрабрите“ кои се движат низ улиците и извршуваат секојдневни активности носат заштитни маски.

Претставникот на Светската здравствена организација за Кина, Гауден Галеа изјави дека сообраќајните и трговските забрани се непотребни, додавајќи оти државите пред се треба да се фокусираат на идентификување на вирусот и да одговорат на избивањето на епидемијата.

Коронавирус се појави во декември минатата година прво во кинескиот град Вухан, од каде се прошири и во други градови во Кина и низ светот.

притисни ентер