Со тробојки, караоке и алкохол , Британците се разделуваат од ЕУ (ВИДЕО)

Велика Британија ќе ја напушти Европската унија на полноќ по средноевропско време. Настаните поврзани со  Брегзит се одржуваа во текот на целиот ден.

Од една страна, приврзаниците на ЕУ организираа поворка за да се збогуваат со Унијата, додека приврзаниците на Брегзит се собраа на плоштадот ,,Парламент” на прославата пред обраќањето на премиерот Џонсон , каде има настапи на диџеи и караоке забава .

На твитер е објавена слика на Британец со лименка  пиво, опишувајќи дека „ништо не вреска повеќе“ дека е поддржувач на Брегзитот.

Додека се чека „судбинскиот“ момент за напуштање на Европската унија, граѓаните се собираат и покрај дождот. Повремено се слушаат и патриотски песни.

Меѓу собирот има многу деца, а на Твитер се појави слика од дете како го гази знамето на Европската унија.

Премиерот Борис Џонсон ќе го објави спотот „Почнуваме нова ера“ еден час пред официјално Британија да ја напушти Унијата.

По повод Брегзит, лидерот на Лабуристичката партија Jереми Корбин и шкотскиот премиер Николас Струџон објавија свои обраќања.

Корбин ја повика земјата да не се затвори сама по излегувањето од ЕУ, додека шкотскиот премиер Брегзитот го нарече клучен момент за Велика Британија.

притисни ентер