Коронавирусот се шири и пред да се појават симптомите , тврдат научниците

Најновата научна студија докажа дека луѓето можат да го шират коронавирусот пред да се појават симптомите.

„Нема сомнение откако го прочитавте овој научен труд дека се јавува асимптоматска трансмисија“, рече Др. Ентони Фаучи, директор на Американскиот национален институт за алергија и заразни болести.

Научниот труд беше објавен во списанието New England Journal of Medicine, а германските истражувачи ги опишаа случаите на четворица бизнисмени кои се заразиле од асимптоматска трансмисија.

Тие заедно учествувале на работилница и заедно отишле во  кантина на компанијата. Имено, жена од Шангај се состанала со деловните партнери во компанија во близина на Минхен на 20 јануари, а за време на нејзината посета на Германија жената била здрава. Но, во рок од осум дена, на четворица Германци им бил дијагностициран коронавирусот од Вухан.

Тие не биле сериозно болни, но д-р. Фаучи посочува дека постои опасност од пренесување на инфекцијата на други лица кои можат да добијат компликации што се опасни по живот.

Претходно оваа недела кинеските здравствени власти објавија дека коронавирусот од Вухан може да се шири сè додека заразените не покажат симптоми на болеста, но американскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека досега не виделе докази за тоа.

притисни ентер