Меркел за Брегзит : тоа е длабок рез за Германија и за цела Европа

Брегзитот претставува „длабок рез“ за Германија и за цела Европа, рече денеска германската канцеларка Ангела Меркел, додавајќи дека очекува „интензивни“ преговори за идните врски со Велика Британија.

„Германија сака да остане близок партнер и пријател на Велика Британија“, рече таа во видео пораката објавена само неколку часа пред излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Во исто време, таа истакна дека Европа ќе ги брани своите интереси, особено интегритетот на европскиот единствен пазар во тешките преговори што ќе следуваат оваа година во дефинирањето на идниот трговски однос меѓу блокот на преостанатите 27 земји и Лондон.

Таа истакна дека овие преговори ќе ја одбележат оваа година и дека очекува интензивни преговори, предупредувајќи ги Британците.

„Што повеќе Британците се оддалечуваат од условите на единствениот пазар, толку повеќе ќе се променат нашите идни односи“, рече таа.

„Европската унија ни гарантира силен глас во постојано менување на светот и ние сме решени да ја продолжиме успешната приказна на Европа со преостанатите 26 земји“, истакна нејзиниот портпарол Штефен Сијберт на прес-конференција.

Велика Британија ноќеска на полноќ ќе стане првата земја што ја напуштила ЕУ .

Ова заминување означува почеток на втората фаза: сложени преговори за врските Лондон-Брисел по периодот на транзиција до 31 декември, но и меѓу Лондон и другите земји како што се САД.

притисни ентер