Филипче: Сите капацитети се подготвени, постапуваме по препораките на СЗО

Македонија е подготвена да се справи со корона вирусот иако во моментов нема таква закана кон земјава – уверуваат надлежните во земјава. 

По средбата на комисијата за заразни болести, ресорниот министер Венко Филипче порача дека сите капацитети се подготвени да се справат со предизвикот, а земјава постапува по препораките дадено од СЗО. Слична порака упатија и од канцеларијата на СЗО во земјава, од каде велат дека за сега нема простор за паника, а на граѓаните им порачаа повеќе да внимаваат.

По неколку неделно колебање светската здравствена организација доцна синоќа го прогласи тоа што и се очекуваше - светска вонредна ситуација за корона вирусот. Тоа значи дека државите ќе добијат серија на препораки за борба против вирусот, кои вклучуваат активен надзор, рано откривање, како и споделување на информации со светската организација. Одлуката исто така, на земјите им наметнува построги критериуми во пријавувањето на случаи на заразата. Од Организацијата велат дека на ваков чекор се решиле бидејќи стравуваат вирусот освен во Кина да се прошири и во држави кои имаат послав здравствен систем.

-Не знаеме каква штета може да направи овој вирус доколку се прошири во земји со послаб здравствен систем, мораме да дејствуваме сега за да им помогнеме на државите да се подготват за таа можност. Поради сите овие причини, прогласувам вонредна ситуација од меѓународен карактер заради ширењето на корона вирусот. Главната причина за оваа одлука не е за тоа што се случува во Кина, туку за тоа што се случува во други држави,вели Тедрос Адханом Гебрејсус СЗО.

Сепак, неколку часа по одлуката на СЗО, кинеските власти соопштија дека билансот на жртви од вирусот се зголемил на 213 лица и близу 10 илјади заболени лица, од нив до сега околу 190 лица успешно се излекувале од смртоносниот вирус. Вирусот досега се прошири на скоро сите континенти, а во Европа покрај во Франција, Германија и Финска, први регистрирани случаи на заболени има и во Италија и Велика Британија.

Докторите кои се на првата линија во борбата против вирусот, за сега се борат против непознатото. До сега се знае само дека вирусот ги напаѓа белите дробови, а меѓу симптомите се висока температура, кашлица, губење на здив, болки во мускулите, главоболка и воспалено грло. Слични вонредни ситуации до сега биле прогласени во пет случаи, кога светот се соочуваше со Зика вирусот, детската парализа, свинскиот грип и два пати заради еболата.

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

Од петок постепена стабилизација на времето

Невообичаено топлите времелетни температури нагло се заменија со ладни и дождливи денови.

Во наредните 2 дена ќе владеат врнежи, на некои места ќе бидат поројни, а планинските предели ќе добијат уште една мала снежна покривка, предупредуваат од УХМР. Оние кои планирале прошетка претсојниот викенд не треба да се грижат, тмурните облаци ќе се расчистат, а вистинската пролет, со умерени температури веќе при крајот на неделата ќе пристигне во Македонија.

-Веќе од петок ќе имаме постепено стабилизирање на временската состојба, ќе преовладува во петок претежно стабилно, веќе и потопло време, а од деновите од викендот со максимални температури кои ќе бидат во интервал од 18 па се до 26 степени.-УХМР

Сепак ваквото време во претстојните два дена го вклучи и алармот кај ЦУК. Од таму ги предупредуваат граѓаните да внимаваат на магистранлните и регионални патишта поради одрони од карпи, како и на прилагодување на брзината поради мокри патишта. Воедно, граѓаните да избегнуваат суводолици порадо можност од нагло надоаѓање на вода, а и одводните канали треба да бидат чисти и проточни, наместо да се создаваат брани од ѓубре...

-Истовремено да се внимава на работите што можат буквално, како велиме, да одлетаат од градбите во населбите и особено што се од градбите во изградба, градилиштата, треба да се обезбедат практично сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓето кои што се во околината. Ако се престојува на планина пак препорачливо е да се има доволно гориво во возилата и да се внимава на планинските патишта, конкретно на лизгавостаи на проодноста на патот особено ако не е асфалт. – Илија Бојаровски – ЦУК

Според хидролозите, не постои закана и опасност од излевање кај поголемите реки и сливови, но и тие упатуваат на внимателност кај суводолиците и помалите сливови, како и кај атмосферските канализации кои се во опасност од запушување. Сепак, уверуваат, дека дождливото време во овој период е повеќе од добредојдено.

притисни ентер