Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на Австралија опен

Актуелниот освојувач на Отвореното првенство на Австралија во тенис, Србинот Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на грен слем турнирот во Мелбурн.

 Вториот светски тенисер во полуфиналето со максимални 3-0  по сетови  7:6, 6:4, 6:3 беше подобар од својот голем ривал, легендарниот Швајцарец Роџер Федерер

Во нивниот 50 меѓусебен дуел, Ѓоковиќ ја оствари својата 27 победа над Федерер, триумф со кој обезбеди ново финале на Грен слемот во Мелбурн.

Во недела Ѓоковиќ ќе атакува на осмиот трофеј од Австралија опен. Противник во финалето ќе му биде победникот од утрешната полуфинална пресметка Доминик Тим - Александар Зверев. 

притисни ентер